Skip to main content

И годинава во Цер, кичевско се одржа панихида на вечното почивалиште на големиот охридски револуционер Христо Узунов

И годинава во Цер, кичевско се одржа панихида на вечното почивалиште на големиот охридски револуционер Христо Узунов. Познатите историчари упатија апел до надлежните: на познатите македонски револуционери да им се направат достојни споменици.

 |  Николоска Биљана  | 

На спомен обележјето во селото Цер, Кичевско, каде пред 113 години се случи херојската саможртва на војводата Христо Узунов и неговата чета, денеска се одржа панихида, проследена со пригодна програма. По панихидата, пред присутните, за ликот и големото дело на војводата Христо Узунов, зборуваше проф. Виолета Петкоска, историчар.

Треба да сме среќни зошто имаме од кого да учиме. Ова е мигот кога зататнило оружјето, а затаил разумот. Секоја година ми доаѓаат помислите како и е на секоја мајка која не можела да го сврати своето чедо од идејата да биде пример за идните генерации. Нашата мајка е нашата убава земја нашата држава Р. Македонија. Тоа сознание не прави горди што сме присутни овде во мигот на вечноста. Тоа сознание го правело горд и Христо Узунов со соборците, тоа е примерот за тоа што е вечно и треба да трае“.

Свое обраќање во Цер имаше и истакнатиот историчар проф, Павле Митрески. Тој пренесува дека на 24 април 1905 година, од Крушево, Христо Узунов, заминал за кичевско, придружуван од страна на 14 соработници, револуционери, добро вооружени четници и двајца војводи. Но, во Цер, биле опколени од многуброен турски аскер со артилерија и бидејќи тие не добиле никаква помош, биле принудени или да се предадат или да се самоубијат, додава проф. Митрески.

„Делото на Христо Узунов во историјата е видно, заслужува и не случајно е влезен во сите учебници. Неговата револуционерна активност и смелото самоубиствено погибие навистина ретко кој го има и не случајно има влијание меѓу младите поколенија. Јас како историчар се радувам што се прават спомени.

Пред спомен обележјето во селото Цер-Кичевско, денес свежо цвеќе положија делегации од Општина Охрид, Другово, Кичево, институции, политички партии и здруженија на граѓани.