Skip to main content

Каде ќе се поставува урбана опрема

Се прибираат понуди за издавање на времено користење на површини за поставување урбана опрема. Според новата програма значително е намален бројот на одобрените локации за поставување урбана опрема.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Во тек e огласот за прибирање понуди за издавање на времено користење на површини за поставување урбана опрема. Секоја година општина Охрид издава површини за поставување на урбана опрема за комерцијално користење и тоа за продажба на сладолед на 12 локации, книги на 4 локации, на 8 локации продажба на сувенири, како и продажба на уметнички слики на 8 локации, а храна ќе се продава на 10 локации. Годинешната програма има измени од минатите години, а највпечатливо е тоа што значително е намален бројот на одобрените локации за поставување урбана опрема особено оние на кои ќе се продаваат сувенири.

Поставување фрижидери за сладолед е предвидено по должината на кеј „Македонија“ на плоштад „Крушевска Република“ и од левата страна на пешачка патека која води до месноста „Горица“. Книги и уметнички слики ќе се продаваат на малиот плоштад кај Долна Порта, а уметнички слики. сувенири ќе се продаваат во близина на Билјанини , на пешачката патека која води до „Горица“ и на влезот во комплексот „Плаошник“. На кеј „Македонија“ предвидени се повеќе лиокации на кои ќе се продава храна.
Локациите за поставување на урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 90 денови.
Почетна цена за издавање на локација за поставување 2 фрижидери за продажба сладолед е 5.000 денари месечно. За продажба на книги и уметнички слики почетната цена е 8.000 ден. Локација за продажба сувенири е со почетна цена од 3.000 денари месечно., а за продажба на храна 5.000денари месечно.Поставувањето на урбаната опрема ќе отпочне по склучување на договорот и добивање на одобрение од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште, а дозволата се издава за три месеци.
Понуди можат да достават физички и правни лица регистрирани за вршење на дејност, а понудувачите треба да достават, понуда на унифициран образец, кој може да се подигне во просториите на општина Охрид или на веб страната на општината www.ohrid.gov.mk , најдоцна до 30.04 до 15.00 часот.