Skip to main content

Реформите во правото чекор поблиску до владееење на правото

Реформите во правото чекор поблиску до владееење на правото. По четврти пат во Охрид се одржува охридската школа на правото која од година во година станува се попосетена од врвни правници кои доаѓаат од повеќе држави и ги пренесуваат своите ставови, мислења и решенија за одредени прашања.

 |  Јаковлева Лионела  | 

По четврти пат во Охрид се одржува охридската школа на правото. Темата е Реформите во правото чекор поблиску до владееење на правото. Со децении наназад едно од клучните барања на ЕУ и комисијата се реформи во правото. Токму заради тоа во Охрид е собрана елитата од Југоисточна Европа бидејќи на конференцијата има учесници од повеќе од осум држави кои ќе говорат на теми од граѓанското право, кривичното, трговското, медицинското право. Целта на оваа конференција е да се подобри законската регулатива, а граѓаните да имаат подобри законски решенија со кои ќе бидат растеретени од бројни правни проблеми со кои се соочуваат во секојдневниот живот. Реформите во правото, а пред се во судството многу тешко се спроведуваат, велат експертите.

Науката си ја остварува и си ја врши својата мисија да истражува да анализира и да предлага меѓутоа ние не го имаме судбоносниот збор, нашата работа е завршена по голем број прашања и останува законодавецот да одлучи дали ќе ја послуша наулката да превземе одредени чекори за да имаме подобри законски решенија кои ќе бидат во интерес на граѓаните, вели Проф. Др Ангел Ристов-претседател на институтот ЈУРИДИКА ПРИМА.

Проф. Ристов кажува дека премногу сме окупирани со политички прашања, а не со оние проблеми кои секојдневно ги засегаат граѓаните и крајно време е тоа да се промени. Со овој став се согласуваат и од
Комора на стечајни управници. Велат дека законската регулатива мора стриктно да се почитува и да се применува во пракса што подоследно со цел владеење на правото и негова примена во практичното решавање на проблемите.

Случаи има на стечајни постапки бидејќи тоа е една жива материја која тече и никогаш не престанува , па една постапка ќе заврши друга ќе започне . Бизнис секторот си го прави своето така да кој како ќе се снајде така и ќе опстане понатаму на пазарот. Па затоа во вакви прилики изнаоѓаме начини преку правната мисла, прекиу правната теорија да дојдеме до практични решенија, вели Ацо Петров, претседател на комора на стечајни управници на РМ.

Оваа охридска школа од година во година станува се попосетена од врвни правници кои доаѓаат од своите држави и ги пренесуваат своите ставови, мислења и решенија за одредени прашања. Многу од нив веќе се имплементирани во законските одредби, а дел од нив ќе бидат внесени допрва, велат правниците.