Skip to main content

Во Охрид ќе се одбележат 1000 години од постоењето на Охридската архиепископија

Во Охрид ќе се одбележат 1000 години од постоењето на Охридската архиепископија.  Централаната свеченост ќе биде  на 27 мај во катедралната црква Св. Софија  на која ќе се обрати државниот и црковниот врв.  Милениумскиот јубилеј ќе се одбележува со бројни, различни настани во текот на целатата 2018 година. 

 |  Валентина Неловска  | 

Охрид ќе биде домаќин на централната свеченост за одбележувањето на јубилејот 1000 години од постоењето на Охридската архиепископија. По тој повод беше објавена програмата со која ќе се чествува овој голем и несекојдневен јубилеј. Горди сме што централната свеченост ќе се одржи во Охрид, но како град имаме обврска милениумското чествување да се одржи достоинствено и во духот на универзалните духовни вредности, изјави по тој повод охридскиот градоначалник Јован Стојаноски. Според научните сознанија на овие простори имало континуиран живот од 7000 години, а тие траги се видливи и денес преку бројните храмови и фрески кои се сведоци за богатата историја на Охрид.

„ Посебно место во нашата богата духовна историја има Охридската архиепископија која освен на македонско тло се протегала и имала своја јурисдикција и на српска, бугарска и албанска територија ,а во тоа време Охрид се развивал во центар на провославието и културата.На тој цврст темел на Охридската архиепископија е изградена нашата МПЦ , нашиот духовен светилник и неизбришлив белег на нашиот идентитет “, нагласи Стојаноски по повод објавување на програмата за чествувањето на значајниот јубилеј.

Одбележувањето на милениумскиот јубилеј од постоењето на Охридската архиепископија ќе започне на 27 мај. Ќе се одржи Свечена академија под покровителство на РМ во катедралната црква Св Софија. Обраќање ќе има од дражавниот и црковниот врв. Во одбележување на јубилејот се вклучени општината и различни министерства. Концерт ќе одржи  Македондската филхармонија со камерниот оркестар, а ќе ги придружува и хорот од монашкото братство од манастирите Св. Ѓорѓи од Рајчица и Св. Јован Бигорски. На 28 мај ќе има и литургиско чествување на кое ќе чиноначалствува поглаварот на МПЦ во сослужение со членовите на светиот архиерејски синод на Мпц. Дарјан Сотироски, директор на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи се обрати и до верниците од соседните држави.

„Упатувам повик до братските балкански народи да ја искористат годината во која одбележува еден милениум од охридската архиепископија и да го посетат Охрид нашиот древен духовен светилник и заедно да го прославиме, овој несекојдневен настан“, кажа во своето обраќање Сотироски.

Милениумскиот јубилеј ќе се одбележува со бројни, различни настани во текот на целатата 2018 година. Програмата е прилагодена за да привлече интерес за различни возрасни групи, а ќе има научно- академски собири, издавње на публикации , спортски, културни образовни, уметнички активности, најави Сотироски.