Skip to main content

Ќе се прави нов план за управување со сливот на Охридското езеро

Со нов план до управување со сливот на Охридското езеро, а и до негова заштита. Денес беше презентиран  почетниот извештај за изработка на планот кој е билатерален и ги опфаќа државите низ кои минува реката Црн Дрим.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Ќе се прави нов план за управување со сливот на Охридското езеро. Овај план е од суштинско значење за заштитата и управувањето на езерото, како и на реката Црн Дрим. Планот е билатерален и интегрален и ќе биде изработен согласно Европската рамковна директива за води и националните законодавства на двете земји кои го споделуваат Сливот на Охридското езеро.

Ова ќе има и една поширока компонента. ЗА тоа впрочем се залага и премиерот Заев. ДА се стават на маса сите проблеми поврзани околу заштитата на Охридското езеро и неговиот слив и да се изнајдат најсоодветни решенија, рече заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули.


Денес беше презентиран веќе изработениот почетен извештај за изработка на планот за управување со сливот и беа посочени принципите и чекорите за изработка на самиот План за управување. Се создаде и платформа за дискусија меѓу сите надлежни институции за процесот и методологијата за изработка.

Целта е да имаме одржлив развој во регионот , а планот предвидува и да се придонесе и кон заштита на езерото, вели Димитрис Фалутсос-координатор на дримски процес, Глобално партнерство за води- Медитеран.


Заеднички интегрален План за управување сосливот е алката што ни недостасуваше во заштитата на Охридското езеро, рече Дејан Паноски, национален координатор на ГЕФ Дримскиот проект.

Тоа ќе биде добро за Охридскиот регион, но и за целокупниот дримски басен бидејќи ќе ја утврди потребата и приоритетните за негово менаџирање вклучувајќи ја и регулацијата на самото езеро преку истекот на реката Дрим што е нашата главна визија, вели Паноски.

Изработката на планот за управување сон сливот на Охридското езеро е финансиран во рамките на ГЕФ Дримскиот Проект и е една од клучните активности во програмата за мерки за заштита и управување во басенот . Изработката е предвидено да трае 18 месеци и да резултира со Финален и усвоен План за управување со Охридското езеро согласно Европската рамковна директива за води.