Skip to main content

Опаѓа интересот на учениците за изучување на фолклорот

 

Опаѓа интересот на учениците за  изучување на  фолклорот. Фоклорните ансамбли стравуваат дека  наскоро фолклор ќе играат само возрасните, а не  младите.  Од охридските основни училишта само Братство – Единство има мултиетничка фолклорна секција додека останатите одамна заборавиле на фолклорот.

 |  Валентина Неловска  | 

 

Фоклорните ансамбли стравуваат дека наскоро фолклор ќе играат само возрасните луѓе, а не младите. Треба да се вклучи црвеното светло за аларм. Од година вo година има драстично опаѓање на интересот кај децата за фолклорoт , вели Димче Трајчески долгогодишен уметнички раководител на ФА „Отекс фолк “ и добар познавач на состојбите со културно уметничките друштва. Заедницата треба да биде загрижена бидејќи се заканува гаснење на фолклорот во Македонија, вели Трајчески. Тој се обидува да го лоцира проблемот на што се должи ваквата незинтересираност кај учениците, дали е тоа образовниот систем, семејството или новото време.

„Не можам да кажам. Веројатно државата е највиновна во смисла на анимација и презентација на македонскиот фолклор. Преку јавните медиуми да се поттикнуваат младите да доаѓаат и да учат фолклор, онолку колку што имаат време бидејќи имаат многу материјал по математика, физика, јазици“, споделува Трајчески свое размислување за оваа состојба.
Неговиот колега, Дражен Лучан од КУД Шиљаковина од Велика Горица, кај Загреб кажува дека и во Хрватска има слична состојба со намалување на интересот за фолклор во КУД.

„ Во школите во Хрватска, а веројатно тоа е исто и тука кај вас, школската програма е обемна. Школите не се повеќе воспитно-образовни установи туку само образовни. Родителите кај нас сфатија дека само преку работата, патувањата, настапите има и воспитна компонента онај што некогаш беше во училиштата, а денес го нема. За среќа има многу родители кои настојуваат децата да доаѓаат на фолклор“, раскажува Лучан.

Некогаш во КУД Отекс имало и до 500 фолклорци, а денeс se едвај 70 -тина, вели Трајчески. ТВМ се обиде да ја согледа ситуацијата со фолкорните секции во охридските основни училишта. Од контактите со директорите дознаваме дека одамна во охридските училишта нема фолклорни секции. Никој не знае зошто. Само ОУ Братство – Единство има мултиетничка фолклорна секција со која работат три наставнички .Вечра . нивните играорци се вратиле од Измир каде што настапувале на Фестивалот на јаготката, информира директорот на училиштето Џемал Мехмед. Најголема мотивација за основците од 7 и 8 одделение кои се дел од фолклорната секција се секако патувањата, открива директорот Џемал Мехмед.