Skip to main content

Атлетскиот клуб „Охрид“ ќе се приклучи на акцијата „Мој Охрид, чист Охрид“

Секојдневно се` повеќе спортски и еко друштва, големи компании и здруженија се пријавуваат да бидат дел од големата Еко акција „Мој Охрид, чист Охрид“, за детално чистење на крајбрежјето на градот во пресрет на туристичката сезона.

 |   | 

Членовите на атлетскиот клуб „Охрид“ денес го најавија своето учество во еколошката акција за разубавување на Охрид. Покрај останатите поддршка на акцијата најавија и охридските ротаријанци, заедно со Здружението З’ш авантура.

Акцијата која ќе се одржи на 9-ти јуни е иницирана од Супер радио, со поддршка на бизнис секторот, охридските медиуми, еколошките и спортски друштва од Охрид.

Сите заинтересирани дополнителни информации можат да добијат на Официјалната група на Facebook на настанот, на која можат и да го пријавуваат своето учество.