Skip to main content

Презентирани светските стандарди за одржлив туризам пред македонскиот туристички сектор

12 општини од Македонија учествуваат на тренингот за одржлив развој на туризам кој се одржува во Охрид. Одржливиот туризам се раководи според одредени стандарди кои ги земаат во пртедвид сите постојни и идни економски, општествени и еколошки влијанија при задоволување на различните потреби на посетителите, индустријата, животната средина и домашната заедница.

 |  Билјана Николоска  | 

12 општини од Македонија учествуваат на тренингот за одржлив развој на туризам кој се одржува во Охрид. Одржливиот туризам се раководи според одредени стандарди кои ги земаат во пртедвид сите постојни и идни економски, општествени и еколошки влијанија при задоволување на различните потреби на посетителите, индустријата, животната средина и домашната заедница.

Пред околу 30 претставници од туристичкиот сектор, туристички асоцијации, државни, образовни институции и граѓански организации, од Глобалниот совет за одржлив туризам ги презентираа стандардите на одржливиот туризам како и тоа да се направи разлика околу тоа што е еко, рурален туризм, а што се опфаќа одржливиот туризам. Елена Иванова од ИМЕ програмата вели за да го добиеме посакуваниот резултат во стандардизација на одржливиот туризам мора синхронизирано и заеднички да делуваме.

 „Првиот чекор го направивме со општина Охрид која што е најкомплицирана дестинација во Македонија има премногу инвголвирано бизниси и јавни институции одговорни за туризмот. Но другите општини и дестинации кои што ќе го следат овој чекор дополнително ќе треба да се вложат во оценување да видиме каде стоиме. Јас ќе ви кажам дека Извештајот за Охрид е готов од минатиот месец и ќе го споделиме со општината и со Министерството за економија. Можам да кажам ако извештајот е во неколку бои црвено, жолто и зелено гоелм дел од извештајот е црвен“ – Елена Иванова – ИМЕ програма.

Охрид како туристичка дестинација нема проблем со бројот на гостите. Она што нам ни е потребно е креирање на туристички производ  кој што ќе привлече поинаков тип на гости кој што ќе донесат поголем бенефит за локаното население, вели Горан Мицкоски од ТЛЕР, Охрид.

„Денеска имаме повторно прилика да слушнеме искуства и да научиме лекции од стручни лица кои што работат за светскиот совет за одржлив туристички развој и се надевам дека како луѓе кои што и професионално се задолжени за поддршка и развој на туризмот во општина Охрид ќе бидеме во можност во иднина да го пренесеме тоа знаење до оние кои што пак непосредно ги креираат тие туристички произвди во нашата туристичка дестинација и врз основа на тоа ќе имаме побрз развој на нашата дестинација“ – изјави  Горан Мицкоски – ТЛЕР Охрид.

Градоначалникот на општина Ресен, Живко Бошалевски истакна дека тренингот за одржлив туризам е добредојден за општината од каде што доаѓа тој, бидејќи во Преспа стагнира одржливиот развој на туризам.

„Уверен сум дека Преспа има еден голем потенцијал во оваа облеат и неие како општина и како држава треба да го искористиме. Општина Ресен не располага со доволно средства да инвестира во туризмот, но ние не чекаме милост од државата, иако таа е од огромна помош која го покажа тоа, ние на големо работиме на промоција на животната средина“. –  Живко Бошалевски – градоначалник на Ресен.

Глобалниот совет за одржлив туризам е тело кое е спонзорирано од Светската туристичка организација на ОН и претставува врвен авторитет во светот за воспоставување на стандардите за одржлив туризам кои се однесуваат на одржливост на дестинациите и на туристичките бисери. Организацијата на обуката е во рамките на активностите на швајцарските програми за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ и за промоција на извозот СИППО во соработка ос Министерството за економија.