Skip to main content

Џафери: Разговорите во процесот „Жан Моне“ се одвиваат во конструктивна атмосфера

Разговорите во рамки на процесот Жан Моне се одвиваат во контруктивна, работна атмосфера, со консензуален став на сите учесниците за потребата од регулирање, односно дорегулирање на односите во Законодавниот дом, истакна претседателот на Собранието Талат Џафери, од Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 

Денес во Охрид почна работниот дел од парламентарните разговори во рамки на дијалогот Жан Моне кој претставува клучен принцип на консензус за обединет пристап кон Евро-атлантските интеграции за граѓаните на РМ и институционално јакнење на Собранието како демократски столб на сите реформи. Средбата е иницирана од европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан. Клучните теми за кои се дискутираше на денешната дебата е Деловникот за работа на Собранието, Етичкиот кодекс, буџетската независност на македонското Собрание, како и други прашања насочени кон јакнење на Собранието како институција со централна улога во реформската агенда за интеграција во ЕУ, информираше претседателот на собранието на Р. Македонија Талат Џафери.

„Таа дебата ќе резултира со соодветно и консензулано носење на кодексот кој што ќе биде водилка во однос на однесувањето на пратениците во собранието и воопшто надвор од собранието по однос на она што се етичките аспекти на однесувањето сето тоа заради зголемување на довербата во собранието во институцијата пратеник и да се врати довербата на граѓаните кон институцијата кои што впрочем самите граѓани ја избираат а правилата кои што се пропишуваат ќе бидат водилка за пратениците тоа да го обезбедат пред граѓаните“

Џафери во однос на Кодексот за однесување во работата во Собранието рече дека тој акт е новина и досега во законодавниот дом немало таков документ.

Како целина тој е новина и во секој случај предвидува морално етички аспекти на нештата а не кривично правни бидејќи и по дефиниција значи пратениците за работата во Собранието во смисла на она што им е надлежност во работата не одговараат кривично за она што ќе го кажат и во тој контекс не може да се оди во некој норми кои поинаку ќе ги гледаат работите“.

Дијалогот во Охрид предвидено е да биде заокружен со заклучоци што ќе бидат презeнтирани на вечерата на која е најавено присуство и на лидерите на парламентарните политички партии, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, лидерот на ДУИ Али Ахмети, на ДПА Мендух Тачи, Зијадин Села од Алијансата за Албанците и од Беса, Билал Касами. Пред нив е предвидено да се обрати и Сергеи Станишев, претседател на партијата Европски социјалисти. Средбата во рамки на „Жан Моне“ процесот се смета како реализација на дел од реформите во земјата имајќи предвид дека прашањата за конституирање на Парламентот и за пратенички прашања се дел од планот „3-6-9“, а разговорите се очекува генерално да придонесат и за подобрување на политичкиот дијалог.