Skip to main content

Нема повеќе паушално плаќање и аконтација за потрошена вода

Монтирање на картички со бар код на секое броило за потрошена вода е најновиот проект на МЈП „Проаква“. Со воведувањето на оваа новина во читањето на податоците, во иднина ќе се избегнат досегашните проблеми околу паушалната проценка за потрошена вода, предочува директорот на претпријатието Владимир Алексијоски.

 |  Николоска Биљана  | 

Нема повеќе паушално плаќање и аконтација за потрошена вода. МЈП „Проаква“ од неодамна отпочна со реализација на нов проект, односно на сите водомери ќе бидат монтирани картички со бар кодови. Со еден ваков проект првиот човек на водоводното претпријатие Владимир Алексијоски смета дека ќе ги реши сите проблеми кои досега се јавуваа со паушалното и аконтативно плаќање на потрошена вода.

Согледувајќи ги досегашните аномалии во врска со внесувањето на состојбите на броилата од потрошувачите, одлучивме да воведеме новина а тоа е поставување бар кодови на самите броила преку кои нашите инкасатори ќе направат пријава за влез во системот и онлајн ќе оди внесувањето на податоците така да досегашната пракса преку читање ќе биде минато“.

Инкасаторската служба во претстојниов период ќе биде повеќе ангажирана, вели директорот, појаснувајќи дека на мобилните телефони од инкасаторите ќе биде инсталирана апликација преку која онлајн дирекно ќе се чита состојбата од корисникот за потрошената вода во тековниот месец. Алексијоски со апел до потрошувачите за соработка со инкасаторите односно да им биде овозможено да пристапат до броилото со цел точно да биде регистрирана состојбата, но и обратно инкасаторите уредно да си ја вршат својата задача.

Должност на секој инкасатор е регистрираните броила да ги посети. Уште поголема должност на инкасаторот и на дојави од потрошувач да постапи и да види што се случува. Во досегашново работење најбрзо се реагира и во такви случаи не само инкасаторот туку и службата за контрола ја пуштаме на терен да проверат и да видат дали е вистина она што е дојавено, така да должност е на инкасаторот да постапи по барањето на странката. Не е за оправдување ако некој од инкасаторите си земал за право да коментира некои работи кои не се за коментирање, сепак постојат служби, негово е само да воочи а другите служби од претпријатието се тука за да востановат што е работата“.

Директорот посочи дека за секоја забелешка која ја имаат корисниците можат да информираат и на телефоните кои се на веб страната на МЈП „Проаква“. Инаку, Алексијоски информираше дека нивните инкасатори ќе бидат уредно обележани и ќе се препознаваат дека со од МЈП „Проаква“. Додава дека поради неможноста дел од потрошувачите да ги најдат дома во текот на работниот ден, направиле варијабилно работно време за инкасаторите.