Skip to main content

Мечка напаѓа улишта во околината на неколку охридски села

Мечка напаѓа улишта во околината на неколку охридски села. Петнаесетина пчелари  остана без шеесетина пчелни  семејства бараат институциите навремено да ги утврдат настаните штети. Охридските пчелари влегоа ова година со доза на песимизам, но временските услови во април помогнаа пчелните семејства да обезбедат доволно мед за опстанок. 

 |  Валентина Неловска  | 

Мечка напаѓа улишта со мед во околината на неколку охридски села , јавуваат охридските пчелари. До редакцијата на ТВМ пристигнаа фотографии од уништени пчелни кошници во реонот на селата, Куратица, Опеница, Скребатно, Лакочереј, Расино, Вапила и Сирула. Тони Јосифоски, претседателот на охридското здружение на пчелари, јавува дека се уништени над 60 пчелни семејства и 15 тина пчелари од нивното здруженеи претрпеле огромни штети. Јосифоски апелира инспекторите од надлежното министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство и во викенд да излегуваат на терен за да направат увид врз настанатите штети. Мечката е со закон заштитено животно и пчеларите треба по судски пат да бараат обештетување од настанатите штети. Охридските пчелари оваа година влегоа со голема доза на песимизам дали ќе опстанат пчелите и какви ќе бидат медните приноси, кажува Ицо Китанчев за моменталните состојби во охридското пчеларство.

„Влеговме со слаба пчела и храна. Април беше со летни температури и се даде можност да се развијат пчелите и се развија. Мај со врнежливите денови потфрли, а надежта останува за подобри медоносни приноси. Ќе излезе некој приход ако нема екстремни временски непогоди“, напоменува Китанечев.

Во моментов над 90 посто од пчелните семејства во охридско се во добра кондиција по ланските мразеви кои го зафатија охридскиот регион. Априлските мразеви, беа сериозна закана за уништување на пчелите од недостиг на храна, појаснува Китанчев.

„10 посто од улиштата се послаби , точна бројка колку пчели се угинати заради слаба храна незнам. Но охридските пчелари се добро едуцирани. Тие преку цела година добиваат едукација од домашни и странски искусни пчелари и секој пчелар знае што д а направи“, вели Китанчев.

Очекувањата на охридските пчелари за добри медоносни приноси се свртени кон временските услови во претсојните летни месеци. Се чека поволно време и добра ливадска паша, а резултатите од медните приноси ќе ги знаат дури по еден месец, напоменува охридскиот пчелар Ицо Китанчев.