Skip to main content

Литургија за Духовден и свечена академија по повод 1000 години од основањето на Охридската Архиепископија

По повод празникот „Слегување на Светиот Дух – Духовден (Св.Троица) – Педесетница“, на 27-ми мај, недела, со почеток во 9.00 часот, во црквата „Света Троица“ (населба Црногорци), ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

 |   | 

Вечерта, а по повод јубилејот 1000 години од основањето на Охридската Архиепископија, со почеток во 17:00 ч., ќе има молебен во манастирот св.Климент и св.Пантелејмон – Плаошник, а во 18:30ч. во Св.Софија ќе се одржи свечена академија на која свое обраќање ќе имаат Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан, Митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г.Тимотеј, Претседателот на Р.Македонија Ѓорге Иванов и претседателот на Владата на Р.Македонија Зоран Заев.

Свеченоста ќе биде заокружена со концерт на Македонската филхармонија придружувана од хоровите на Бигорската обител.

На 28 јуни (понеделник), со почеток во 9.00 часот ќе се служи света архиерејска литургија во катедралниот храм „св. Софија“ – Охрид, на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со членовите на Светиот Архиерејски синод.

На овој ден богослужба ќе има само во црквата „св. Софија“ – Охрид (едноцрквие).