Skip to main content

Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид учествува на најпрестижниот турнир во југоисточна Европа

Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид, од денеска па до 27.05 2018 ќе учествува на меѓународен теквондо ИТФ “А Класа” турнир “ЗВОРНИК ОПЕН 2018” во Зворник, Бих, кој е еден од најпрестижните турнири во југоисточна Европа.

 |   | 

Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид, од денеска па до 27.05 2018 ќе учествува на меѓународен теквондо ИТФ “А Класа” турнир “ЗВОРНИК ОПЕН 2018” во Зворник, Бих, кој е еден од најпрестижните турнири во југоисточна Европа.
На овај турнир под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас 4 дан , поранешен светски вицешампион, такмичарите на  Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид ,  ќе ги одмерат силите во  форми и спаринг-борби поединечно и екипно.Со самото пријавување   знаеме дека овај турнир ќе биде премногу тежок турнир, на кој досега го имаат најавено клубови од 15 земји , при што ќе земат учество и актуеални европски и светски шампиони, што за нашите натрпеварувачи ова ќе е одлично искуство за во иднина кога ќе исполнат критериуми за да можат да учествуаат на некое европско или светско првенство, вели Лазаревски.


Се надеваме дека и овај пат претсатвниците на Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид ќе не престават во најубаво издание и ќе не направат да се чувствуваме горди. Воедно Теквон-до клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид користи прилика да изрази најголема благодарност до генералниот спонзор ПН МЕТАЛ , кој и овај пат е најзаслужен за нивното учество на овај престижен турнир