Skip to main content

Тав Македонија ја прошири мрежата со нова авионска рута Варшава-Охрид

157 полски туристи пристигнаа во Охрид со првиот сезонски лет од Варшава. 3000 гости ова лето ќе го посетат Охрид преку аранжмните на тур-операторот „Rainbow , еден од двата најголеми полски тур-оператори.  ТАВ Македонија континуирано ја проширува мрежата на рутите до  охридскиот аеродром  додавајќи ја на фрекфетна летна сезона и дирекната линија Варшава Охрид која заедно со онаа од Катовице ќе донесе летово 9000 полски туристи на охридската ривиера.

 |   | 

9.000 туристи од Полска ќе одмараат на охридската ривиера ова лето.  Со традиционална церемонија, воден мост и шарени колачиња за гостите, ТАВ Македонија го пречека првиот лет од Варшава, во организација на полскиот тур-оператор Rainbow, опериран од страна на авиокомпанијата Enter Air.
 
„Пријател ни ја препорача Македонија како земја која треба да се посети. Среќни сме што сме тука затоа што слушнавме дека луѓето се гостопримливи а земјата прекрасна.Го видовме езерото од авион и навистина е преубаво па прво што ќе направиме е една долга прошетка по брегот„

„Прв пат сум во Охрид.Јас го сакам Балканот и Македонија за мене беше планирана и посакувана дестинација. Слушнав дека луѓето се прекрасни а храната одлична „

„Прв пат сме во Македонија . Не знаеме многу за земјата. Нешто од филмови за Александар Македонски.“

ТАВ Македонија додавајќи ја и Варшава како нова дестинација продолжува со проширување на мрежата на рути до Охридскиот аеродром Свети Апостол Павле .  
 
„Многу сме среќни што го одбележуваме проширувањето на нашето работење на аеродромот во Охрид, со додавање на Варшава како нова дестинација, која е втората дестинација од Полска што ја воведовме во изминатата една година, откако во летото 2017 година беше отворена линијата Катовице-Охрид. Сезонските летови од Варшава, организирани од Рејнбоу и Ентер Ер, треба да донесат околу 3.000 патници на аеродромот во Охрид, – изјави Јигит Лачин, Координаторот на аеродрoмите на ТАВ Македонија.

157те полските туристи кои пристигнаа со првиот лет за оваа сезона, во името на амбасадорот на Полска во Македонија Јацек Мултановски и во свое лично име ги поздрави полскиот конзул, Катажина Пташињска.

„Ние во полската амбасада како дел од дипломатскиот кор на Полска во Македонија  сме многу горди колку брзо се развива соработката помеѓу двете земји , посебно на полето на туризмот. Колку брзо се зајакнуваат тие врски и се зголемува бројот на полски туристи во Охрид и Македонија. Се надевам дека ваквата соработка ќе продолжи и во иднина“-Изјави Катажина Пташињска Конзул на Р. Полска во РМ.

Од Rainbow , еден од двата најголеми полски тур-оператори, велат дека се горди што се важен дел од новата авиолинија меѓу полскиот главен град Варшава и неверојатениот македонски град Охрид и се надеваат на совршена соработка со Владата на Македонија и со Градот Охрид. Авионите од моделот Боинг 737-800 на новите сезонски летови Варшава-Охрид-Варшава, ќе слетуваат на охридскиот аеродром се до 21-ви септември.

Летната сезона на ТАВ Македонија на аеродромот во Охрид беше отворена на 15-ти април со отворањето на новата рута Истанбул-Охрид, со Онур ер. Проширувањето на мрежата на рутите продолжи, додавајќи ги како нови дестинации Ајндховен, Талин и од вчера и Варшава. Со овие 4 нови сезонски летови отворени во 2018 година, и постоечките кон Амстердам, Брисел, Тел Авив и Катовице, аеродромот во Охрид има 8 сезонски дестинации за време на летната сезона и 3 редовни рути во текот на годината – Базел, Цирих и Лондон. Од ноември 2018 година, Wizzair ќе воведе нова редовна авиолинија од Охрид до Виена, која ќе функционира во текот на целата година.