Skip to main content

Се прави стратегија како да се спроведат забелешките од УНЕСКО

Спроведувањето на акциите и мерките кои произлегуваат од одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, а кои се однесуваат на Охридскиот регион и на црногорскиот град Котор ги седнаа министрите на  Македонија, Црна Гора и на Албанија на иста маса. Процесот нема да се одвива многу брзо, но позитивна страна е што работите веќе се движат во позитивен правец.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Министри на Македонија, Црна Гора и на Албанија учествуваа на денешната средба на која се дискутираше за спроведувањето на акциите и мерките кои произлегуваат од одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, а кои се однесуваат на Охридскиот регион и на црногорскиот град Котор. Неодамна реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО и Комитетот за светско наследство на УНЕСКО побараа Македонија да воведе мораториум на сите крајбрежни и урбани трансформации во Охридскиот регион се додека не бидат донесени урбанистичките планови за 19 региони во старото градско јадро.

Тоа е мораториумот за градба во стариот дел на градот и во крајбрежјето што е наведено и во препораките на УНЕСКО, а е и заложба на Владата на РМ. Ние ќе се потрудиме да ги имплементираме сите тие препопраки, вели Асаф Адеми,министерот за култура.
Од Локалната самоуправа велат дека мораториумот не значи дека нема да има одобренија за градба за оние кои се според актуелните урбанистички планови и оние кои одговараат на амбиентот на Охрид. Таа неодамна побара Министерството за транспорт и врски да ја преземе обврската за изготвување на овие планови. На денешната средба учествуваа и градоначалниците од Охридскиот регион и преставници од градот Котор. Овој град кој исто така е под заштита на УНЕСКО се соочува со многу слични проблеми како Охрид. И тамошната локална власт прави напори да ги испочитува препораките на комисијата, но тоа не оди така лесно и брзо. На средбата учество зедоа и Национаните комисии за УНЕСКО на Македонија и Црна Гора.
Нереално е да се очекува да се направи се во дадениот рок, но мора да се нправи еден акционен план и да се дефинира периодот и стратегијата како сето тоа ќе се решава во наредниот период, вели Синиша Шешум, регионално биро на УНЕСКО.

Албанската делегација на средбата во Охрид присуствуваше како гостин набљудувач, со цел да се дефинираат насоките на понатамошната соработка во рамките на заштитата на Охридскиот регион, согласно стандардите и препораките на УНЕСКО, а по доставување на номинационото досие за проширување на заштитата на природното и културно наследство и на албанска територија.
Ние нив не ги гледаме како проблем или предизвици туку како потенцијал за да ги надминеме оние работи со кои во моментов се соочуваме бидејќи станува збор за нешто што е во развој и во изградба , рече Валбона Шијаку- заменик министер за култура на Р. Албанија.

На денешната средба потенцирано беше дека има позитивно придвижување во имплементацијата на препораките на Комисијата на УНЕСКО бидејќи една од покрупните забелешки, а тоа беше измената на Планот за управување на Националниот парк Галичица во март оваа година актуелната влада ја стопира, па националниот парк Галичица и натаму останува заштитено светско наследство.