Skip to main content

ОК ВМРО ДПМНЕ: Скандалозна одлука на управниот одбор на ЈП „Билјанини Извори“ со која поскапуваат цените за паркинг

Скандалозна одлука на управниот одбор на ЈП Билјанини Извори со која поскапуваат цените за паркинг.  Претпријатието во започната туристичка сезона планира  проширување на зоната каде паркирањето најскапо се наплатува и наплата на паркинг на улици каде таква услуга никогаш немало, обвинија денеска од ОК на ВМРО ДПМНЕ охрид.

 |   | 

Во период кога туристичката сезона е започната ЈП „Билјанини извори“ носи скандалозна одлука во врска со  наплатата на паркинг на улиците, обвинија денеска од ОК на ВМРО ДПМНЕ. Кирил Пецаков изнесе детали за тоа како се проширува зоната А со што индирекно поскапува цената за паркинг простор а во зона Б нелогично се вметнуваат улици каде што таква услуга никогаш немало.

„Дури се дрзнуваат Булевар Туристичка којшто е магистрален пат да го узурпираат за наплатување паркинг. Во Стариот дел на градот којшто е репрезентативен дел наместо зона без возила сега и трите најпосетувани улици од туристите ќе бидат паркинг и ќе се наплаќа.“-Кирил Пецаков , член на ИК на ОК на ВМРО ДПМНЕ. “- кажа Кирил Пецаков, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ.
 
Пецаков открива дека јавното претпријатие планира зоната А со највисока цена да се прошири со што за паркинг ќе се наплаќа по цела должина на улиците: Илинденска, Цар Самоил, Коста Абраш, Кузман Јосифовски-Питу, а покрај нив во Зона А се и јавните паркиралишта на дел од Бул. Македонски просветители, Кеј Македонија, Партизанска, Димитар Влахов, Јане Сандански, стара Автобуска и кај старата стоковна куќа Чинар.

„ВМРО-ДПМНЕ го повикува Градоначалникот Стојаноски веднаш да побара поништување на оваа скандалозна одлука на Уравниот одбор на ЈП „Билјанини извори“ и истата да не ја става како точка на дневен ред на следната седница на Совет. Наместо безидејноста на Градоначалникот му порачуваме да се зафати со капитални проекти како што е изградба на катни гаражи.“

ВМРО-ДПМНЕ не е против модерен начин за наплата за паркирање со испраќање на СМС порака, но не може тоа да се прави без пилот-проект и во туристичка сезона, потенцира Пецаков. Упати прашање до локалнта власт каква ќе биде судбината на вработените во јавното претпријатие во иднина.