Skip to main content

ОО на ПОЕН : Градоначалникот Јован Стојаноски повторно да го активира Локалниот совет на млади

Општинската организација  на Партијата за општествен и економски напредок ПОЕН бара од  Градоначалникот Јован Стојаноски и локалната самоуправа повторно активирање  на  Локалниот совет на млади. А од власта на централно ниво  да започне постапка за спроведување на процесот на младинска гаранција и на територијата на град Охрид, како општина со највисок процент на иселеност на млади луѓе во државата.

 |   | 


Зголемување на  мерките за поддршка на млади лица до 29 години и младите да се стимулираат што повеќе да се залагаат да работат и дообразуваат во нашата Македонија, бараат од Партијата за општествен и економски напредок ПОЕН. Ги охрабруваме Владата на Република Македонија,  министерството за труд и социјална политика и  агенцијата за млади и спорт, да започнат постапка за спроведување на процесот на младинска гаранција и на територијата на град Охрид, како општина со највисок процент на иселеност на млади луѓе во државата, кажа денеска на прес конференција, Вахид Мемед претседател на ОО  на  ПОЕН  

„Ваквата мерка во нашиот град е итно потребна. Раководството на Поен бара и ги охрабрува  Општина Охрид и градоначалникот д-р Јован Стојаноски да превземат конкретни чекори  за  повторно активирање  на  Локалниот совет на млади како консултативно тело на градоначалникот за развој на младинските политики на локално ниво.“– кажа Вахид Мемед претседател на ОО на ПОЕН.
 
Мемед ги повика  младите да ги искористат мерките кои државата ги нуди на младите до 29 години  мерката „обука за стекнување на вештини за работа, Мерката Практиканство“,за невработени млади до 29 години и невработени до 34 години евидентирани во АВРМ со најмалку средно образование без работно искуство, кои може да апицираат за учество во тримесечна или шестмесечна практична работа.

 „Субвенционирање плати“ е мерка која се однесува на невработени  евидентирани во АВРМ кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот. Нејзини корисници може да бидат долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција), млади лица до 29 години,  како и субвенциите од државата за отворање свој бизнис како и кредитирање на млади за сопствен бизнис,како и искористување на мерката за бизнис аксцелератори за млади и отварање на старт-ап компании од Фондот за иновации и технолошки развој .“– потенцира Мемед.
    
Мемед истакна дека Партијата за општествен и економски напредок ПОЕН како дел од новата влада активно и неуморно ќе работи и ќе се залага за подобрување на моменталната ситуација во која се наоѓа младиот човек во Македонија.