Skip to main content

Со новиот закон за енергетика ќе се намалат трошоците на граѓаните

Либерализацијата на пазарот со новиот Закон за енергетика ќе им стави крај на монополите а на граѓаните ќе им се намалат трошоците и ќе бидат заштитени од евентуални ценовни шокови кај електричната енергија. Ова го истакна денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на Меѓународната енергетска конференција „Македонски енергетски форум – 2018“ што денеска и утре ќе се одржува во Струга во организација на Владата на Република Македонија, АД ЕЛЕМ, Амбасадата на САД и институтот ЗИП.

 |  Соња Рилковска  | 

Растот на цената на нафтата на светските пазари може да предизвика ценовен  шок во  електрична енергија. Токму затоа новиот закон за либерализација на пазарот , чија примена започнува за девет месеци , нуди решенија за амортизација на ценовните шокови и заштита на крајните потрошувачи, истакна вицепремиерот Кочо Анѓушев на денешниот Форум за енергетика, што денес се одржа во Струга.

Законот за енергетика во кои се имплементирани директивите на ЕУ е на функција од вчера
„Она што основно ќе реши законот треба да ја реши можноста да секој кој што сака да биде учесник во енергетското живеење во државата да добие шанса тоа да го направи. Со други зборови она што порано била државна работа да се поризведува електрична енергија или да се снабдува со електрична енергија тоа било само една компанија денеска тоа треба да госредиме е да секоја куќа да може да биде производител и потрошувач на електрична енергија. Она што во минатото само една компанија можеше да биде увозник на нафта денеска да може да идат повеќе компании кои исполнуваат сулови а тоа да донесе конкурентност, истакна вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Во наредниот период Елем планира изградба на нови ветерни електрани, како и  одржување и модернизација на постоечките капацитети  со цел стабилно електроснабдување, испорака и конкурентни цени.

 „Со што е можно поголемо производство постабилни производни капацитети увозот на електрична енергија сигурно дека ќе се намали. Ние како компанија кажавме дека доколку се рботи одговорно чесно и нормално оптимално ако се користат производните капацитети ќе може да се намали увозот и ќе се зголеми производвството. Во изминатит период имавме продажба на вишоци на електрична енергија, досега се продадени околу 170 000 мегават часови што е приход за компанијата од 8,7  милиони евра“, вели Драган Миноски директор на ЕЛЕМ.

Либерализацијата на пазарот ќе придонесе заа поголема конкурентност и редукција на монополот при производството на електрична енергија истакна амбасадорот на САД Џес Бејли.

„Ја охрабруваме власта во Р. Македонија во комплетното имплементирање на реформите во енергетскиот систем  и директивите од новиот Закон за енергетика во насока на комплетна либерализација на пазарот на енергетика.Сите напори се со цел да се гарантира стабилност во електроснабдувањето во земјата и регионот“, додаде Бејли.
Законот за енергетика се очекува да придонесе за намалување на  цените на електричната енергија.