Skip to main content

Основачко собрание на Локална акциона група, ЛАГ, – Агро концепт

Денеска во просториите на Општина Охрид се одржа основачкото собрание на Локална акциона група, ЛАГ, – Агро концепт,на коешто  присуствуваа градоначалниците на Општина Охрид и Општина Дебрца, Јован Стојаноски и  Зоран Ногачески , чинители на јавниот,граѓанскиот,невладиниот и бизнис секторот.

 |   | 

На основачкото собрание беа избрани Управниот и Надзорниот Одбор на ЛАГ-от, а за Претдедател на оваа локална акциона група беше избрана Кристина Крлеска Деспотоска.

Водејќи се од концептот на кој е заснован Лаг-от, а кој се однесува на развој на руралните заедници преку вклучување на чинителите на јавниот, граѓанскиот и бизнис секторот кој работи на територијата на општина Охрид и општина Дебрца се пристапи кон  активности за основање на Лаг. Географскиот опсег на Лаг-от ги опфаќа руралните делови на територијата на двете општини.Целта на формирањето на ЛАГ-от е користење на средства од ЛЕАДЕР Програмата со кои би се финансирале активности во насока на развој на руралните заедници.