Skip to main content

Стојаноски : Целта на локалната е да воведе модерен систем за наплата на паркирањето во интерес на граѓаните

Со двете предлог одлуки кои утре ќе се најдат пред градските советници,  за зонско паркирање и новиот ценовник за паркинг просторот на улиците во градот, се врши намалување на цените а не нивно зголемување.  Основната намера на општина Охрид, локалната самоуправа  и моја како Градоначалник и градскиот Совет е да го модернизираме наплатувањето на паркинг услугите. Единствено Охрид и Струга се градови во Р Македонија, каде што не се врши наплата по пат на смс пораки, кажа на прес конференција Градоначалникот Јован Стојаноски.

 |   | 


Со двете предлог одлуки кои утре ќе се најдат пред градските советници,  за зонско паркирање и новиот ценовник за паркинг просторот на улиците во градот, се врши намалување на цените.  Основната намера на општина Охрид, локалната самоуправа  и моја како Градоначалник и градскиот Совет е да го модернизираме наплатувањето на паркинг услугите. Единствено Охрид и Струга се градови во Р Македонија, каде што не се врши наплата по пат на смс пораки, кажа на прес конференција Градоначалникот Јован Стојаноски. Целокупниот систем, најмодерен во државата, со сите можни атрибути градот ќе го добие за сума од 400 000 денари и најниска провизија во државата од 14%. Градоначалникот потсети дека според физибилити студијата од 2013 та година на предходната локална власт системот кој требаше да се имплементира по пат на приватно јавно партнерство, општината ќе ја чинел преку 100 илјади евра со провизија за приватниот партнер од 25, 5%.

„Основната намера на општина Охрид е да го модернизира режимот на сообраќај а со тоа и паркирањето во централното градско подрачје, да го намали движењето на моторни возила во центарот на градот. Ова е почеток на решавање на проблемот кој понатака ќе продолжи со изградба на катни гаражи. Посакуваме да има  обесхрабрување на граѓаните непотребно да се движат и паркираат во центарот за време на летната сезона. Се намалуваат цените за паркирање. Општината ќе се бори за секој дeнар но нема намера да заработува милионски суми на сметка на граѓаните.„– кажа градоначалникот Стојаноски.

Градоначалникот се осврна и на обвинувањата дека локалната планира да воведе наплата на паркинг на улици каде никогаш не била предвидена таква услуга, како Јане Сандански , Бул Туристичка, и во стра град улиците Цар Самоил, Коста Абраш и Илинденска. Нема додавање на нови улици дециден е Стојаноски. Тој потсети дека во 2013 год со одлуки на Советот утврдено е на  кои улици се допушта паркинг простор и во тие одлуки наведени се ул.„ Јане Сандански“ по цела должина и улицата „Бул.Туристичка“.

„Од 2013 кога е донесена одлуката до 2017 год не е вршено наплатување на овие улици кои предизвикаа реакции во јавноста, но тоа е поради неподготвеноста на ЈП Билјанини Извори со човечки и технички ресурси, да врши наплата и тоа сигурно ќе продолжи и во наредниот период се до оној момент додека јавното претпријатие не создаде услови. А тоа сигурно ќе биде од септември месец натаму. Така што граѓаните можат да бидат безгрижни, во текот на летото нема да има наплата на овие две улици исто како и на трите споменати улици во стариот дел на градот.“ – објасни Стојаноски.

Проблемите во стариот дел на градот ќе се решаваат со режимот на сообраќај.  Режимот повеќе не се носи со одлука на градскиот совет туку со одлука на градоначалникот и треба да биде прифатен од СВР Охрид. Градоначалникот најави јавна расправа за режимот на сообраќај на која ќе биде презентирана, како што рече, радикална и храбра идеја која може да се реализира уште за време на оваа сезона а ќе биде презентирана и долгорочната стратегија за урбана мобилност во Охрид. Апелираше до граѓаните да покажат интерес за јавните расправи на кои имаат можност да го изнесат и своето мислење.