Skip to main content

NUMB Tribute to Pink Floyd ќе приреди спектакл на Долни Сарај

Проектот NUMB Tribute to Pink Floyd ова лето ќе приреди спектакл за љубителите на  култниот рок состав. 11 музичари од Охрид и Струга на сцената на Долни Сарај ќе ги изведат најголемите хитови на оваа рок група која ваши за една од највлијателните и најуспешни групи на сите времиња.  Ветуваат спектакал кој не само што ќе се слуша туку и ќе се гледа, затоа што Пинк Флојд се повеќе од музика.

 |   | 

Најголемите хитови на безвременските Пинк Флојд на Долни Сарај.
Проектот NUMB Tribute to Pink Floyd кој обединува 11 музичари ќе приреди аудио и визуелен спектакл за охриѓани и гостите , затоа што, како што вели музичарот Ѓоко Танески, носител на проектот, Пинк Флојд не само што се слуша, туку и се гледа .

„На иницијатива на нашиот гитарист Анатолиј Арнаудоски, кој беше иницијатор на овој проект, се одлучивме за еден ваков поголем чекор. Веќе неколку месеци напорно вежбаме и се подготвуваме за премиерата. Имаме уште време и секако дека ќе направиме песните да звучат онака како што треба.“  истакна Танески.

Зад проектот стои екипа од 11 музичари од Охрид и Струга кои се веќе добро познати во јавноста. Димитри Алчев (гитара и вокал), Анатоли Арнаудоски (гитара), Ѓорѓи Калајџиевски (тапани), Владомир Кречоски (бас гитара), Никола Јосифоски (сајзери), Ангелко Јовчески (перкусии), Горан Папазоски (саксофон), Ѓоко Танески (вокал) и Ана Костадиновска, Сара Николовска и Весна Илиќ Павловска како пратечки вокали.


„Подготовките за концертот траат веќе неколку месеци, а ќе се изведат некои од највредните дела на култните Pink Floyd. Тука се „Shine on your crazy diamond“, „Learning to fly“, „Hey you“, „Another brick in the wall“ и уште 12 безвременски хитови, кои го одбележаа музичкиот карактер и насока на една цела генерација“ истакна Танески.

За сите љубители на  култните Pink Floyd,  од Feel продукција која стои зад овој проект велат дека максимално ќе се посветат на негова промоција во земјата и пошироко. А се ќе започне од Охрид, затоа што тука одсекогаш се пуштала и слушала најдобрата музика, додаваат од Feel.  Премиерата на проектот NUMB – Tribute to Pink Floyd е на 26-ти јули 2018 година на сцената „Долни сарај“ во Охрид.