Skip to main content

„Заводот за кардиоваскуларни заболувања“ – Охрид лидер во регионот за воведување модели за медицинска едукација

Медицинскиот кадар во „Заводот за кардиоваскуларни заболувања“ во Охрид  имаше можност да следи практични предавања за нови процедури во третман на периферни артериски заболувања лично од  еден од најпознатите доктори во Европа во областа на интервентната кардиологија Д-р Ралф Ланхоф од клиниката во Берлин .

 |   | 

Медицинскиот кадар во „Заводот за кардиоваскуларни заболувања“ во Охрид  имаше можност да следи практични предавања за нови процедури во третман на периферни артериски заболувања лично од  еден од најпознатите доктори во Европа во областа на интервентната кардиологија Д-р Ралф Ланхоф од клиниката во Берлин .
Д-р Ланхоф медицинскиот кадар на Кардиолошкиот Завод во Охрид го оцени како исклучително способен , со високо ниво на знаење и вештини во работата.

„Би рекол дека во делот на вештини, можам да кажам дека докторите на оваа болница се способни да не следат во овие процедури.  Потрошниот материјал за овие процедури се многу се скапи , но болницата ги има.  Нивото на искуство и способности на докторите од оваа болница се многу добри. Нивото на едукација е многу високо теоретски и практично.“ – изјави Д-р Ралф Ланхоф.

Докторите од Република Македонија и соседните земји кои учествуваат на настанот имаа ретка можност да стекнат нови вештини и знаења во третманот на периферна артериска болест. Познатиот Д-р Ланхоф е дел од работната група на ЕУ која дава препораки за третман во делот на кардиологијата, а кои се применуваат и во Кардиолошкиот Завод во Охрид

„ Ова секако се корисни настани и наш препознатлив начин на стручна едукација, и преку стручна дискусија заземање заеднички ставови за периферната артериска болест.“ – изјави Д-р Елена Коваческа Башуроска, директор на Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид.

Заводот за кардиоваскуларни заболувања  трета година по ред прави ваков настан со стриминг во живо на интернет од интервенција на пациент во сала што претставува современ модел на пренесување на нови знаења во медицината.
 

„Можеби сме лидери во овој регион за воведување модели за континуирана медицинска едукација, и таквото темпо ќе продолжи и во иднина , се со цел нашите доктори да имаат можност да се стекнат со нови знаења. Ова е практична работилница на која се пренесуваат знаења за техники и вештини. Ние реално работиме врз пациенти, вршиме интервенции кои ги гледаат учесниците и на интерактивен начин разменуваме знаење“ – изјави д-р Никола Бакрачески, шеф на интервентната кардиологија во Охрид.

На настанот во „Заводот за кардиоваскуларни заболувања“ присуствуваа еминентни кардиолози од Србија, Бугарија и Романија, од различни специјалности кои разменуваа искуства проблемите и ги учеа новите процедури за третман на оваа болест која е се подоминантна кај популацијата.