Skip to main content

„Спорт и култура иднината на регионот“

„Спорт и култура иднината на регионот“. ЈП  „Билјанини извори“ ќе го спроведува овој проект со цел што повеќе млади луѓе да се стимулираат да спортуваат. Проектот е финансиран преку европските фондови и програмите за прекугранична соработка, а во неговите рамки во недела ќе се одржат фудбалски натпревари помеѓу екипите на ФК Скендер бег од Корча, ФК Еурофудбал од Охрид и ФК Крека Од Струга. 

 |  Јаковлева Лионела  | 

Младите и спортот. Со цел што повеќе млади луѓе да се стимулираат и да спортуваат ЈП „Билјанини извори“ прави напори за подобрување на условите за тренирање како и овозможување натпревари каде спортистите ќе можат да си ги одмерат силите. Неодамна преку ТЛЕР ова претпријатие аплицираше за добивање средства од европските фондови за реализацијата на проектот „Спорт и култура иднината на регионот“, активност која е поддржана и финансирана од SWG Regional Rural Development Standing Working Group of South Eastern Europe. Проектот е прифатен, а средствата кои се одобрени се во висина од 2000 евра. Иако не станува збор за голема сума, доволна е за да се зпочне проектот за заживување на спортот во регионов.
Со овој проект ги опфативме младите спортисти кои за да имаат добра иднина ние мора да им обезбедиме услови за убава сегашност и да се развијат во добри и здрави личности, вели директорката на ЈП Билјанини извори, Гордана Јованоска.
На фудбалскиот натпревар ќе учествува ФК Скендер бег од Корча, ФК Еурофудбал од Охрид и ФК Крека Од Струга. Гостите пристигнуваат утре попладне после што ќе имаат разглед на градот и традиционална вечера, а во недела ќе се одржат натпреварите.
Ова го правиме со единствена цел за да продолжиме со меѓусебно погранично сорботување меѓу нашите младинци и младите од фудбалските клубови од Струга и Албанија, но и за да го развиваме спортскиот туризам во градов, вели Јованоска.
Овај проект е почеток на ваквата соработка. Во иднина претпријатието со дел од неговите вработени и стручни лица од ТЛЕР ќе изготвува и други, поголеми проекти, кои во голема мера ќе помогнат за развојот на спортот во градов.