Skip to main content

Во Охрид има стагнација на занаетчиските дејности

Во Охрид има  стагнација на  занаетчиските дејности. Покрај стандардните дејности козметичар и фризер за среќа годинава има регистрација на  два нови занаети опинчар и изработувач на тетоважи. Младите се интересираат за занаетчиски дејности но во старт се откажуваат поради високите давачки кои мора да ги плаќаат кон државата.

 |  Валентина Неловска  | 

Во охридската Регионална занаетчиска комора годинава биле регистрирани 6 нови занаетчии, а 3 биле избришани од евиденција, информира Сашо Богоески претседател на Регионалнаат занаетчсика комора. Состојбата е слична како и минатата година во истиот период , додека пак во 2016 имало 37 ново регистрирани и 5 мина занаетчи кои престанале да вршат занаетчиска дејност, појаснува Богоески за состојбите во занаетчиството во Охрид.

„ Во Регионалната комора, годинава е новитет регистрирањето на 2 нови занаети. Се обновува опинчарскиот занает, познатиот охридски опинчар мајстор Милан Белески го наследува неговиот внук. Тоа е добро и за градот и за занаетото. Има регистрација на уште еден занает тетовирање. За прв пат ќе има на легален начин и професионално тетовирање. Тоа се два нови занаети покрај изработувач на бижутерија, козметичар и фризер“, напоменува Богоески.

Во меѓувреме, од евиденција на Регионалната комора згаснале и се избришале двајца автомеханичари и еден точкар. Дефицитарни занаетчиски дејности се бочкари, крзнари, шапкари, казанџии, наланџии, кондураџии. Младите луѓе се интересираат за занаетчиски дејности но во старт се откажуваат поради високите давачки кои мора да ги плаќаат кон државата, подвлекува Богоески.

„Државата презема мерка ослабодување на фирмарина годишно од 500 денари. Тоа е смешна сума. Барав од Министерството за економија и Ребупличката комора да се ослободат дефицитарните дејности од плаќање на придонеси за пензиско и здравствено осигурување, персонален данок, книговодствени услуги, за да може да работат“, вели Богоески.

Ваквите олеснувања за зајакнување на занаетчиското стопанство, Богоески, пред две години ги побарал од државата да се однесуваат на сите занаетчии со времетраење од 5 години. На тој начин занаетчиите кои работат со загуби да закрепнат финансиски. 

Сашо Богоески, кој веќе 25 години работи во занаетот како кондураџија, вели дека во неговиот занаетот во моментов работат 6 мина кондураџии , а 12 години нема ново региостриран колега. Она што загрижува е дека нема ни најава зголемување на бројот на легалните кондураџии во Охрид.