Skip to main content

Засилена инспекција за доследно спроведување на Програмата за поставување урбана опрема

Узурпирањето на јавни површини со маси и столици продолжува и покрај јавно искажаниот став на локалната дека нема да го толерира самоволието на дел од угостителските објекти. Се што е надвор од програмата за поставување урбана опрема ќе биде санкционирано и ќе им бидат одземани одобренијата на угостителите кои не ги почитуваат правилата, дециден е Градоначалникот. Но нема инспектори на терен да ги констатираат прекршоците.

 |   | 

Дел од угостителите продолжуваат со лошото поведение од минатаото непочитувајќи ја Програмата за поставување урбана опрема. Новата локална самоуправа  и угостителите разговараа и се договорија  каде и во кој временски период може да се поставува урбана опрема маси и столици и колку за тоа ќе и плаќаат на општината. Најголем дел од договорите се потпишани а масите и столиците си се поставуваат без оглед на тоа што им пишува на угостителските објекти во одобрението.

Се што е надвор од одобрението издадено согласно Програмата за поставување на урбана опрема понатака претставува инспекциски надзор. Се издава решение за отстранување на вишокот поставени маси и столици или кои се поставени вон определеното време за кое што е издадено одбрението, а после решението следува и физичко отстранување. И нема тука што повеќе да се филозофира. Ако не се почитуваат инспекциските наредби од страна на угостителите тогаш се одзема одобрението.“ – изјави Јован Стојаноски –  Градоначалник на Охри.

Инспекцискиот надзор на терен не кореспондира со  цврстиот став на Градоначалникот дека нема да толерира самоволие и узурпирање на јавни површини со маси и столици надвор од она што е предвидено со Програмата. Но и тоа не е некоја тешка филозофија, едноставно општината кубури со инспектори.

Инспекциските служби на општината  ако сте забележале во оваа сезона засилено работат со онаа објективна забелешка која мора да ја дадеме и да ја знаат и жителите на нашата општина а тоа е дека, за жал, во општина Охрид , како што е случај со многу општини како и во многу држави, ние имаме само еден градежен и еден комунален иснпектор. За да имаме повеќе ние во наредните денови ќе го распишиме конкурсот за градежен инспектор, за да го зајакнеме инспекцискиот надзор и со тоа би имале една правилна регулација на поставувањето на маси и столици а тоа значи правилна примена на Програмата.“ – вели Стојаноски.

Програмата за урбана опрема треба да произлегува од една интегрирана сообраќајна студија која Охрид во моментов ја нема, вели Градоначалникот.  Избран е изготвувачот на студијата и според најавите, градот може да се надева дека наредната година голем дел од проблемите во централното градско подрачје , меѓу кои и поставувањето урбана опрема, ќе бидат решени врз основа на стручна анализа и научни параметри.