Skip to main content

Локалната им даде 3 дена рок на угостителски објекти на ул Коста Абраш да ги отстранат нелегално поставените маси и столици


Угостителските објекти на ул Коста Абраш поставуваат маси и столици на тротоар и на коловоз кршејќи го законот и Програмата за поставување урбана опрема донесена од грдските советници. Ова во акциска контрола го утврдија инспектори од локалната и полициски службеници. Прекршителите имаат рок од 3 дена да ги отстранат масите и столиците.

 |   | 

Угостителски објекти на ул. Коста Абраш поставуват урбана опрема маси и столици на тротоарот и на самата улица спротивно на законските одредби и на одлуките на  градскиот совет. Ова го констатирале  инспекциските служби на општината во соработка со СВР Охрид.  

„Комуналниот  инспектор  на ден 19 јуни 2018 година на посочениот потег, односно на улица “Коста Абраш” изврши инспекција, при што е изготвен записник и донесено е решение. Според овие акти, правните субјекти кои обавуваат угостителска дејност, спротивно на одлуките на Советот на Општина Охрид, поставиле урбана опрема (маси и столицИ) на улицата и тротоарот. Овластениот инспектор донел решение во рок од три дена урбаната опрема угостителите да ја отстранат. Очекуваме решението доследно да се почитува“ велат од локалната самоуправа.

До Секторот за внатрешни работи  одреден период пристигнувале реакции од граѓани дека на улицата „Коста Абраш“ се поставуваат маси и столици на тротоарската површина и на коловозот, вели портпаролот на секторот, Стефан Димовски.

„Од она што ние во текот на вчерашниот ден го констатиравме е дека на улицата Коста Абраш во три угостителски објекти забележани се непочитувања на одредбите на Законот за Јавна чистота односно поставување на урбана опрема на тротоарот. При тоа еден од објектите воопшто не поседувал решение за поставување урбана опрема додека други два угостителски објекти имале решение за поставување урбана опрема во периодот од 19 до 05 часот наутро, но не и одобрение за времето од остатокот од денот.- потенцира Стефан Димовски – портпарол на СВР Охрид.
 
Од страна на полициските службеници на две физички лица од двата ресторанти , кои биле затекнати при поставување опрема на тротоарот на улицата „Коста Абраш“, изречени им се мандатни казни. Казната за физичко лице во ваков случај според Законот за јавна чистота изнесува 50 евра. Димовски, потенцира дека во текот на летната туристичка сезона секторот ќе презема засилени мерки во насока на ставање ред во поставувањето урбана опрема.

„ Полициските службеници во рамки на севкупните свои активности ќе ги преземаат и овие мерки и ќе реагираат по однос на поставени маси и столици на тротоари и на коловозот не само на ул Коста браш туку секаде каде што имаме угостителски објекти“ – подвлекува Димовски.   

Од локалната самоупрва во неколку наврати највуваа дека нема да се толерира узурпирање на јавните површини и непочитување на одобренијата и Програмата за поставување урбана опрема од страна на угостителските објекти. Со цел за зајакнување на инспекцискиот надзор локалната во текот на наредната седмица ќе распише конкурс за градежен инспектор.