Skip to main content

Затворање на кејот за сообраќај – императив во решенијата за летниот режим на сообраќај

На јавна расправа презентирани идејните решенија за летниот режим на сообраќај во централното градско подрачје. Микросимулациите изработени од стручна фирма покажаа дека за Охрид најдобра варијанта е затворање на кејот за сообраќај и ограничување на движењето во стариот дел на градот. Градоначалникот Јован Стојаноски ги сослуша сугестиите на граѓаните и истакна дека намерата на локалната самоуправа е да го растерети централното градско подрачје од моторизираниот сообраќај.

 |   | 

Улицата Кеј Македонија затворена за сообраќај освен за велосипедисти и пешаци од плоштадот до пресекот со Ванчо Николески. Од Ванчо Николески која улица ќе биде со двонасочен сообраќај со надолжно паркирање, до пресек со Јане Сандански на кеј македонија ќе се одвива двонасочен сообраќај. Во останатиот дел од уличната мрежа во центарот предложен е еднонасочен сообраќај и три мини кружни текови на ул Партизанска. На крстосницата на Македонски просветители со Ул Партизанска поставување рампи односно контролни пунктови каде што жителите од Стар град ќе можат да пристапат со картички или друг начин што ќе го утврди локалната .  Ова е најприфатливата варијанта за организирање на сообраќајот во централното градско подрачје во летниот период од неколкуте идејни проекти кои ги изработи компанијата „24 ИНГ“ на барање на локалната самоуправа.  

„Затворањето на кејот е императив и треба да биде направено што поскоро, според нас. Иако ќе предизвика некои колони и намалување на капцитет на ул Партизанска но аспектот на безбедност беше прв критериум од кој тргнавме да ги одредуваме решенијата. “ -Јован Христоски – дел од тимот на „24 ИНГ“ изработувачи на проектот.

Тимот на „24 ИНГ“ идејните решенија ги претстави на јавна расправа преку динамичка микросимулација. Градоначалникот задоволен од пројавениот интерес од страна на граѓаните истакна дека интентицијата на локалната е конечно да почне да се растеретува централното градско подрачје од моторизираниот динамички сообраќај.

„Имајќи предвид дека во моментов не можеме да вршиме некои преголеми градежни зафати со кои би го подобриле функционирањето на сообраќајот како што се изградба на катни гаражи , подземни гаражи, одредување нови паркинг места и моравме да воспоставиме баланс меѓу бројот на паркинг места и да овозможиме динамично функционирање на сообраќајот.“ – истакна Градоначалникот Јован Стојаноски.

Забелешките од стручните служби на локалната и на граѓаните изнесени на јавната расправа, како сугестии ќе бидат доставени до изработувачот на проектот кој ќе изготви финално решение за организирање на сообраќајот во централното градско подрачје во летниот период. Според законските измени режимот на сообраќај го утврдува Градоначалникот со основен проект кој ќе  произлезе од идејното решение а понатаму тој проект треба да го усвои и СВР Охрид.