Skip to main content

Ресорнотo министерство ќе субвенционира изградба и реконструкција на рибници

 Ресорнотo министерство ќе субвенционира  изградба и реконструкција на риболовни пунктови и рибници.  Финансиската поддршка е неповратна и изнесува од 50 до 65 проценти во зависност од возраста, полот и местото на инвестицијата. Повикот трае до 9-ти јули.

 |  Валентина Неловска  | 

Сопствениците на рибници ќе бидат субвенционирани за производство на риби. Ќе добиваат средства за изградба на нови и реконструкција на постојните риболовни пунктови. За оваа намена се предвидени еден милиони денари. За нивно опремување 1,5 денари и еден милион денари за изградба и реконструкција на мандрите за традиционален лов на Дојранско Езеро. Во охридско има 2 рибници во кои се одгледува риба. Тоа се рибниците во селото Опеница и кај Прентов мост.
Корисниците на средства за изградба на нови капацитети може да бидат фирми кои се регистрирани за дејност во рибарството , кои поседуваат или користат недвижен имот на кој планираат да го изградат рибникот и кои имаат дозвола за користење на вода.

Финансиската поддршка е по принципот на ко-финансирање и се исплаќа на корисникот по завршувањето на инвестицијата во висина од 50 проценти од прифатените трошоци.
Стапката на ко-финансирање се зголемува до 65 отсто доколку се работи за млади стопанственици, за жени и за нерзавиени ридско-планинско подрачја. Доделената финансиска поддршка е неповратна.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 9-ти јули 2018-та година, а доколки има помалку средства од поднесените барања предност ќе имаат оние кои први аплицирале.

Барателите не смеат да ја почнат инвестицијата пред да потпишат договор за ко-финансирање со платежната Агенција. Корисници на средствата за изградба на нови капацитети може да бидат фирми кои се регистрирани за дејност во рибарството, кои поседуваат или користат недвижен имот на кој планираат да го изградат рибникот и кои имаат дозвола за користење на вода.