Skip to main content

Охрид е идеален за да биде велосипедски град

Треба да се работи на дефинирање на исправна велосипедска мрежа не само низ градот туку нејзино оформување околу езерото.  Во сообраќајната студија за Охрид, како најголем туристички центар во Македонија , со богато културно и природно богатство, пешакот и велосипедистот треба да бидат на прво место, сметаат стручните лица. 

 |   | 

Во сообраќајната студија за Охрид или во некој иден оддржлив план за урбан развој на градот пешакот и велосипедистот треба да бидат на прво место, сметаат стручните лица. Охрид е идеален град за велосипедот како средство на превоз. Недостига дефинирање на исправна велосипедска мрежа. Има доволно простор но ќе мора да се одземе од паркинг просторот за возилата и да се пренамени за велосипедски патеки. Обид да се направи нешто на тој план има во идејното решение за летниот режим на сообраќајза оваа сезона.

Сакавме да воведеме велосипедска мрежа на Партизанска. Начинот на поврзување на оваа улица со останатата со останатата велосипедска мрежа која во моментов постои е тежок од геометриски аспект бидејќи бара одредени градежни зафати но во иднина стои како солуција која може да се воведе и да се поврзе една цела мрежа на велосипедски патеки не само низ централното градско подрачје туку да се уклучи кон Туристичка , Кеј Македонија, постоечката велосипедска патека покрај езерото.“ вели Јован Христоски од фирмата „24 ИНГ“.

Охрид е идеален за да биде велосипедски град и од аспект на поставеноста и хоризонталната мрежа за да може да  функционира еден затворен велосипедски систем. Во иднина треба да се размислува за оформување на целокупна велосипедска мрежа околу езерото.  

„Во иднина треба да се размислува велосипедската мрежа да продолжи и кон Струга. Значи, целокупно околу езерото, како што се прави во западните земји да има велосипедска патека која покрај тоа што ќе биде рекреативна ќе значи и поврзување на двата града, на Охрид и Св Наум и тн.“ – смета Христоски.

Оваа замисла била разгледувана од локалната власт но идејата останала само во фаза на предфизибилити студија.