Skip to main content

Градоначалникот Стојаноски оствари средба со амбасадорoт на Австралија

Денес градоначалникот Јован Стојаноски оствари средба со ополномоштениот амбасадор на Австралија во нашава земја, Џулија Фини.

 |   | 

Денес градоначалникот Јован Стојаноски оствари средба со ополномоштениот амбасадор на Австралија во нашава земја, Џулија Фини. Австралиската амбасадорка се интересираше за актуелната ситуација во Општина Охрид и работата на локалната самоуправа. Градоначалникот Стојаноски ги истакна приоритетите на локалната самоуправа, пред се напорите во санирањето на финансискиот долг на општината, трајно и одржливо решение за колекторскиот систем и урбано планирање во функција на развојот на Охрид.

 Австралиската амбасадорка изрази подготвеност, амбасадата да поддржи одредени проекти за организациите и лицата со посебни потреби, а ја најави и можноста во текот на септември да се аплицира на објавата на амбасадата за проекти кои ги третираат човековите права.