Skip to main content

Започнува Балканскиот фестивал на народни песни и игри

Во организација на Националната установа, Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид, од денес до 7-ми јули 2018 година ќе се одржи 57-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, најстарата фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите.

 |   | 

Во организација на Националната установа, Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид, од денес до 7-ми јули 2018 година ќе се одржи 57-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, најстарата фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите.

Програмата и оваа година е на високо ниво и е подржана од Собранието на Република Македонија и Министерство за
култура на Република Македонија и пријателите на фестивалот. Програмските придобивки, квалитетот на презентацијата на фолклорниот материјал и можноста тој да биде отворена сцена за кумуникација на културите на народите придонесе овој фестивал да биде застапен во каталогот на ИОВ – најзначајни фолкорни манифестации во светот.

Оваа година програмата ќе започне на 4-ти јули во 19:00 часот со свечено дефиле на фолклорните ансамбли низ охридската чаршија, по што во 20:00 часот ќе се одржи и свеченото отворање НУЦК „Григор Прличев“. На првата фестивалска вечер ќе настапи Националниот ансамбл на народни игри и песни од Република Македонија „Танец“. Во четврток, на 5-ти јули во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се претстават Ансамбл „Денс плус фолк“ од Елбасан, Албанија, КУД „Кардашик“ од Ресен и Фолклорното студио „Блажевски“ од Скопје. Во рамките на третиот фестивалски ден, во петок, на 6-ти јули на сцената во Центарот за култура ќе настапат Фолк асамблот „Карановац“ од Србија, КУД „Илинден“ од Демир Хисар, КУД „Бисер“ од Кичево и фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ од Кавадарци. Истата вечер со почеток во 21:00 часот ќе се одржи Интеркултурна вечер посветена на соработка и пријателство помеѓу учесниците. На последната фестивалска вечер, во сабота на 7-ми јули во Центарот за култура „Григор Прличев“ се предвидени настапите на КУД „Јединство“ од Бар, Црна Гора и ФА „Бисери“ од Охрид. Во текот на траењето на фестивалот, од 4-ти до 7-ми јули, во изложбениот салон при Центарот ќе биде поставена Изложба на влашки народни носии.