Skip to main content

„Човекот амфибија“ повторно во Охрид ќе поставува Гинисов рекорд

Охрид повторно ќе биде домаќин на голема и единствена атракција за Гинисовата книга на рекорди. „Човекот амфибија“ како го нарекуваат Јане Петков од Петрич, Бугарија по втор пат ќе плива во Охридското езеро во вреќа и со врзани раце и нозе. Организацијата на настанот е на Црвен Крст Охрид.

 |   | 

“Човекот амфибија“ Јане Петков од Петрич, Бугарија на 24ти јули ќе се обиде да преплива должина поголема од 3,5 км во Охридското Езеро, врзан со ланци и во вреќа и со тоа да постави нов Гинисов рекорд. Организацијата на овај несекојдневен и атрактивен настан е на општинската организација на Црвен крст Охрид.

„Ние се подготвуваме. Денеска ја обележувавме и обезбедувавме патеката по која што треба да плива. Тоа го правиме во соработка со локалната самоуправа на Охрид , со општина Петрич и со клубот „Охридски бранови. Сето тоа се надевам дека успешно ќе го реализираме и дека Јане Петков по втор пат ќе го собори Гинисовиот рекорд овде во Охрид. “ -вели Сашо Точков. претседател на. Црвен Крст-Охрид.

64 годишниот Петков финалните подготовки за овој подвиг ќе ги изведува во Охрид, од 10ти јули. Тој еднаш веќе се запиша во Гинисовата книга на рекорди пред 5 години со својот подвиг токму во Охридското Езеро кога  за време од 2 часа, 55 минути и 47 секунди исплива од Горица до Градско пристаниште.

„Тој има желба само во Охрид да плива и да биде гостин затоа што како домаќини се покажавме во многу добро светло во 2013год. кога го собори рекордот односно го постави рекордот од 2388 метри во пливање врзани раце и нозе со ланци и во вреќа. “– кажува Точков.
Сегашниот гинисов рекорд во пливање врзан со ланци , кој Петков ќе се обиде да го сруши, го држи Индиецот Гопал Карви со препливани 3км и 71 метар во Индискиот океан.