Skip to main content

Утре ќе се знае кој ќе стопанисува со најатрактивните плажи

Денеска истече рокот за жалби и приговори за наддавањето за издавање под концесија на петте најатрактивни плажи во центарот на Охрид.

 |   | 

Денеска истече рокот за жалби и приговори за наддавањето за издавање под концесија на петте најатрактивни плажи во центарот на Охрид.

Неофицијално дознаваме дека до истекување на рокот во општина Охрид бил поднесен само еден приговор и тоа лице што не учествувало на наддавањето кое се одржа на 4 јули. Општината по консултации со Министерството за транспорт и врски утре и официјално ќе  соопшти  кој и под кои услови ќе стопанисува со плажите  Потпеш , Канео, Куба Либре и Кадмо, како и за тоа каква ќе биде судбианта на плажата Бела Виста за која не се одржа јавно наддавање бидејќи немало пријавено интерес.


На наддавањето за издавање на плажите под концесија беа достигнати вртоглави суми за закуп кои се движеа и до 100 000 евра годишно. Почетната цена за метар квадратен беше 90 денари. Плажите се издаваат под  закуп за период од  5 години.
Старите концесионери кои ги изгубија плажите според законските одредби треба земјиштето да го вратат во првобитната состојба. Дали ќе бидат отстранети градбите од плажите, од кои добар дел се цврста градба останува да видиме.