Skip to main content

Локалната бара разбирање од граѓаните за претстојната „Бела ноќ“

Општина Охрид, до граѓаните, особено до оние кои живеат во стариот дел на градот, упатува апел за разбирање во врска со бројните настани кои ќе се одржат во рамките на манифестацијата „ Бела ноќ“.

 |   | 


Општина Охрид, до граѓаните, особено до оние кои живеат во стариот дел на градот, упатува апел за разбирање во врска со бројните настани кои ќе се одржат во рамките на манифестацијата „ Бела ноќ“.

Во сабота, на 14ти јули се очекуваат многу гости, а главниот дел од забавата ќе биде во самиот центар на градот. Сето тоа повлекува и соодветно озвучување и осветлување. Станува збор за една вечер и би сакале да направиме вистински спектакл, каков што градот навистина заслужува за вистински старт на главната туристичка сезона, Охрид е туристички град и би требало најискрено сите да помогнат, барем и со разбирање за да се остави впечаток на добри домаќини, на град кој максимално заслужува да биде наречен најголемиот туристички центар во државата и пошироко, велат од локалната.