Skip to main content

Лесковчани реагираат на недостаток од вода за пиење од водоводната мрежа

Лесковчани реагираат на недостаток од вода за пиење од водоводната мрежа. Од  Проаква  информираат дека тоа се должи на зачестените дефекти при поставување на фекална канализација. Апелираат  граѓаните да бидат совесни и да не ја користат водата за пиење за наводнување на градините. 

 |  Валентина Неловска  | 

Лесковчани се жалат дека во делови од населбата во овие летни денови се без доволни количини од вода за пиење. Од Проаква признаваат дека има проблем со водоснабдувањето во село Лескоец. Тоа се должи на изградбата на фекалната канализација во должина од 400 метри на улицата 15 -ти Корпус, проект на Локалната  самоуправа, а на истата линија поминува и водоводната мрежа, информира Владимир Алексијески директор на МЈП Проаква.

„Заради дотраеност на таа цевка со потресите за време на работата се јавуваат дефекти кои ние секој ден ги санираме. Вршиме обнова на тие цевки со поставување на полиетиленски цевки со поголем профил. Секој ден во просек поправаме од 3 до 5 дефекти па се јавува проблем со водоснабдувањето во населбата “, информира Алексијевски.

Дополнителен проблем се јавува со дивите приклучоци на водоводниот сиситем кој се користи за наводнување на градините од водоводната мрежа. Директорот на Проаква апелира до совест ана лесковачани рациоанлно д ас екосрити водта за пиење и да не се употербува за наводнување во спротивно ќе следат строги санкции.

„Доколку не се придржуваат кон апелите ќе реагираме. Посебно за дивите приклучоци на линијата која ја користат за наводнување на земјата“, посочува Алексијески.

Лескоец се снабдува со вода за пиење од 2 извори, а во летниот период водоснабдувањето се подобрува од градскиот водовод, напоемнува Алексијоски. Решавањето на недостатокот со вода за пиење за Лескоец и на голем дел од градот, како и на останатите села од тој потег како што се Вапила, Ливоишта, Косел, Свиништа се планира со каптирање на Свинишки извори кои имаат издашност од 500 литри во секунда, проект на Локалната самоуправа кој е обемен , но е во завршна фаза.