Skip to main content

Од вечерва се до 20 август Охрид е центар на културата со Фестивалот „Охридско лето”

Охрид очекува спектакуларно отворање на фестивалот Охридско лето. Големите оперски ѕвезди, сопранистката Елена Мошуц и тенорот Калин Братеску, под диригентската палка на Николае Молдовеану , а во придружба на оркестарот на Македонската филхармонија ќе приредат незаборавно доживување за посетителите на Антички театар.

 |  Соња Рилковска  | 

Охрид очекува спектакуларно отворање на фестивалот Охридско лето. Големите оперски ѕвезди, сопранистката Елена Мошуц и тенорот Калин Братеску, под диригентската палка на Николае Молдовеану , а во придружба на оркестарот на Македонската филхармонија ќе приредат незаборавно доживување за посетителите на Антички театар.


Скромна во своите побарувања околу престојот и настапот во Охрид,  без посебни барања кои наликуваат на големите ѕвезди, Мошук не го криеше задоволството што е дел од еден голем културен бренд, фестивалот „Охридско лето“, но и што престојува во, како што рече,  прекрасен град како Охрид.


 „Јас сум за првпат сум во Македонија. Немав многу слушнато за фестивалот „Охридско лето“ но кога прочитав на интернет видов дека е фестивал со огромна традиција на кој настапиле многу светски имиња. Исто така многу ми се допадна и вашата земја.Посетивме еден национален парк на пат за Охрид и многу ми се допадна.  Среќна сум што сум дел од програмата на „Охридско лето“, изјави оперската певица Елена Мошук.


Маестро Николае  под чија диригентска палка ќе настапат оперските уметници и оркестарот на Македонската филхармонија најави популарен репертоар за утре составен од италијански и француски оперски арии.


 „Неколку збора за репертоарот на концертот.  Ќе започнеме со една увертира, а потоа продолжуваме со италијански оперски дела, потоа ќе продолжиме и со неколку француски арии од опери. Би кажал дека ќе стане збор за еден популарен репертоар којшто е познат на сите, бидејќи вакви концерти од отворен тип не се обични културни настани, туку имаат и свое политичко значење“, рече маестро Никола Молдовеану диригент.


„Оваа година ја имаме честа да го отвориме  фестивалот. Задоволство е да се соработува  со уметници од ваков калибар, со извонредниот диригент маестро Молдовеану, со  оперската дива Мошук и тенорот Братеску.  На свечното отворање на Антички театар очекуваме голем спектакл, рече шефот на оркестарот на Македонската филхармонија, Горан Муратовски.


Охрид во следните 40 денови ќе биде центар на светските  уметнички достигнувања.

„На ден пред почетокот на годинешново фестивалско издание можам да најавам дека сè е  подготвено за беспрекорна реализација како за Свеченото отворање, така и за останатите 40 фестивалски денови. Подготвени сме да ги пречекаме сите гости, да бидеме добри домаќини на над 800 врвни уметници од 27 држави од Европа и целиот свет“, рече директорката Сузана Вренцоска.


„На моја голема чест како музички селектор на свеченото отворање на овогодинешното 58-мо фестивалско издание на „Охридско лето“2018, успеавме да донесеме тројца светски уметници, етаблирани, докажани во својата професија, присутни сè повеќе и повеќе на  европските и светските оперски сцени “, истакна Васо Ристов музичкиот селектор.


 „ Како Локална самоуправа отсекогаш сме го поддржувале овој фестивал, а тоа ќе продолжи и понатаму заради тоа што НУ „Охридско лето“ и манифестацијата која се одржува е најпознатиот бренд којшто го претставува и го зацртува Охрид како културна дестинација во светот, рече охридскиот градоначалник Јован Стојаноски.


Во текот на четириесетте фестивалски вечери, „Охридско лето“ ќе донесе совршен спој на музиката, театрот и воопшто на уметноста. Ќе настапат звучни имиња од светот на музиката, но и најдобрите театарски продукции со извонредни драмски проекти.