Skip to main content

Во општина Дебрца ќе се подобрува локалната патна инфраструктура

 Во општина Дебрца ќе се  подобрува локалната патна инфраструктура. Селата од општината ќе се поврзуваат побрзо со соседните општина Струга и Охрид.  Во селото Волино ќе се реконструира старата училишна зграда за потребиет на жителиет од оваа месна заедница. Парите за проектите ги  обезбеди Југозападниот  плански регион преку националниот буџет за рамномерен развој. 

 |  Валентина Неловска  | 

Неколку локални патни правци во општина Дебрца ќе се реконструираат, а за други ќе се изготви техничка документација. Југозападниот плански регион доби 26 милинои денари пари од националната програма преку Бирото за рамномерен развој за да се инвестира во подобрување на условите за живеење на жителите од 6 општини од регионот меѓу кои е и општина Дебарца. Објавен е тендер за 3 проекти реконструкција на старата училишна зграда во село Волино, за изработка на техничка документација за локални патишта и за поправка на руинираната патна инфраструктура.

„Во Општина Дебрца ќе се реконструира локланиот пат Мешеишта до манастирот Св. Илија во должина од 3200 км.Исто така и за локалниот пат Мешеишта до село Волино во должина од 2700 метри. Изградба на пат од село Злести кој се поврзува со регионалниот пат во должина од 2000 метри“, кажува Лозаноска.

Техничка документација ќе се работи за два локални патни правци кои ги поврзуваат селата од општините Струга и Дебрца. Станува збор за патиштата кои ги поврзуваат струшко Мороишта со селото Волино од општина Дебрца. Исто така ќе се работи на подготовка на техничка документација и за локалниот пат Мислешево – Требеништа. Пари ќе има и за проектот изведба на енергетско ефикасни објекти како што е старата училишна зграда во Волино, објект кој го користат 462 жители од оваа месна заедница.

„ Имаме реконструкција на објект на Месна заедница во центарот на село Волино. Неговата вкупна корисна површина е 200 метри квадратни. Со реконструкцијата ќе се заменат прозорите и вратите, ќе се излолираат подовите и ѕидовите , а ќе се поправи и кровната конструкција“, појаснува Лозаноска.

Зоран Ногачески, градоначалникот на општина Дебрца, подвлекува дека сите проекти се од големо значење за дебрчани. Со реализација на проектите многу ќе се подобри квалитетот на живот на жителите кои ќе имаат побрзо и подобро поврзување со селата од соседните општини Струга и Охрид.