Skip to main content

Човекот амфибија утре за охриѓани ќе одржи интересно предавање

Јане Петков, човекот амфибија кој на 24 јули во Охридското езеро ќе се обиде да постави нов Гинисов рекорд со препливување на 3500 м. во вреќа и врзан со ланци, за охриѓани и гостите ќе  одржи интересно и уникатно предавање на кое ќе ги презентира посебните техники на дишење, концентрација и контрола на мислата, кои ги практикува при изведувањето на овој подвиг и воопшто како начин на живот.

 |   | 

Јане Петков, човекот амфибија кој на 24 јули во Охридското езеро ќе се обиде да постави нов Гинисов рекорд со препливување на 3500 м. во вреќа и врзан со ланци, за охриѓани и гостите ќе  одржи интересно и уникатно предавање на кое ќе ги презентира посебните техники на дишење, концентрација и контрола на мислата, кои ги практикува при изведувањето на овој подвиг и воопшто како начин на живот. Предавањето е во организација на Црвен крст Охрид и ќе се реализира  на утре (17.07.2018г)  во просториите на Црвен крст Охрид со почеток во 19 ч.  Настанот е од отворен тип и добредојдени се сите оние кои имаат желба да слушнат корисни совети и научат и применат проверени вештини за здраво и долго живеење.  Само за потсетување, Јане Петков роден 1954 година, постави Гинисов рекорд во препливување врзан со ланци и во вреќа во должина од 2388 м. за време од 2ч.55м.47с., токму ва Охридското езеро, на патека Горица Градско пристаниште Охрид во септември 2013 година.  Сегашниот гинисов рекорд во пливање врзан со ланци го држи индиецот Гопал Карви со  препливани 3071 м. во Индискиот океан во декември 2013 година.