Skip to main content

ОК ВМРО ДПМНЕ: Жителите на Стар град не бараа рампи и не се должни да плаќаат за картички

Жителите на Стар град не бараа рампи и не се должни да плаќаат за картички, кажа Кирил Пецаков од ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција. Од ОК на ВМРО ДПМНЕ бараат Градоначалникот да го поништи решението. Обвинуваат дека зонското пракирање и режимот на сообраќај во стариот дел на градот се избрзани проекти со низа недостатоци.  

 |   | 

Поставувањето на рампите во центарот на градот и Горна порта, во период кога туристичката сезона е започната, за ОК на ВМРО ДПМНЕ е неразумен и несовесен потег на локалната власт. Според нив решението на локалната да се ограничи движењето на автомобилите во стариот град преку издавање специјални пропусници само за жителите на тој дел е проблематично од повеќе причини.

„Наместо општество за сите, зошто ги делите граѓаните со специјални пропусници? Знаеме дека немаат сите жители на Стариот дел на своите дозволи место на живеење токму од Стар град, а за туристите воопшто да не стане збор. Која е логиката да плаќаат за картичките по 150 денари? Ова е директен удар врз туризмот. Има сопственици на имот од овој дел што живеат надвор од Охрид. Како ќе го остварат тие своето право на картички за да можат да влезат во стариот дел на градот?“ – кажа Кирил Пецаков, координатор на сов. група и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Од ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека локалната власт свесно ги зголемува трошоците за живот на охриѓани и трошоците на престојот на туристите. Бараат од Градоначалникот Стојаноски веднаш да го поништи донесеното решение бидејќи, како што велат,  ќе трпат станоиздавачите, туристите, угостителите и жителите на Стар град.

„Го повикуваме градоначалникот Стојаноски секој проект кој како Локална самоуправа сакаат да го спроведат, да се направи сериозна анализа од сите аспекти коишто ќе доведат до издржано решение а не избрзан проект проследен со низа недостатоци како зонското пракирање и режимот на сообраќај во стариот дел на градот.“ – Пецаков.

СДСМ еднаш ја призна грешката со начинот на управувањето на паркинзите што ја поремети туристичката сезона и живеењето. Зошто ја повторувате истата грешка ? – јавно праша Пецаков.