Skip to main content

Педалинките и ова лето опасност за капачите

Пет девојчиња кои биле качени на педалинка ќе настрадале во близина на плажата Немо. Овие реквизитите за забава во вода сеуште преставуваат најголема опасност во летниот период. Тие не се ставени под законска контрола, а капачите многу често вршат претовар или пак се качуваат на педалинка без задолжителните елеци за спасување. Додека не се донесе закон со кој ќе се регулира користењето на овие реквизити на вода се апелира до инспекциските служби и до полицијата да бидат побудни и поригорозни во контролите.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Викендов за влакно избегната несреќа во водите на езерото. Пет девојчиња кои биле качени на педалинка ќе настрадале во близина на плажата Немо. Педалинката потонала, а тие за среќа успеале да испливаат до брегот. Само две од нив имале елеци за спасување, а на оваа плажа нема ангажирани спасители на вода.


Имаме доста интервенции на педалинки кои не се технички исправни, кои имаат одредени недостатоци и кои лесно потонуваат и кои се издаваат и на лица кои не се пливачи и на лица кои се малолетни, а и на поголем број на лица отколку што е капацитетот на самата педалинка, вели Сашо Точков -претседатен на ЦК Охрид.


Во водите на езерото има околу 150 педалинки кои покрај што се навистина добро средство за рекреација и забава преставуваат и потенцијална опасност доколку правилно не се користат. Овие реквизитите за забава во вода сеуште не се ставени под законска контрола. Досега не се внесени во Законот за внатрешна пловидба, освен што е пропишано задолжителното носење на елеци за спасување кои мора секој да ги има додека се вози на педалинка.


Сите оние пловни објекти кои не можат да се контролираат и кои не се ставени во законска рамка не би требало да се употребуваат. Ете на срушкиот дел од крајбрежјето се забрани пловењето на педалинките. Но, овде има уште еден аспект, а тоа е што некои граѓани се занимаваат со издавање педалинки и од тоа заработуваат. Затоа наместо да следуваат забрани треба овој проблем еднаш засекогаш да се реши со посебен закон, вели Точков.


Додека не се донесе закон со кој ќе се регулира користењето на овие реквизити на вода се апелира до инспекциските служби и до полицијата да бидат побудни и поригорозни во контролите како би се спречил некој немил настан кој ќе остави дамка на оваа летна сезона.