Skip to main content

Плата, но каква?

Воведување на  бруто плата ги збуни работниците и работодавците.Стручњаците смируваат дека со овој систем, работниците се во предност. Тие ќе ја земаат сегашната нето плата прус хранарина и патни трошоци.

 |  Лионела Јаковлева  | 
banknoti
банкноти
Воведување на  бруто плата ги збуни работниците и работодавците.Стручњаците смируваат дека со овој систем, работниците се во предност. Тие ќе ја земаат сегашната нето плата прус хранарина и патни трошоци.

Стартува новиот систем на бруто-плата. Со воведувањето на овој систем направени се бројни реформи во државава. Бруто платата е збир на сите парични средства  што работодавците се должни да им ги плаќаат на работниците во текот на еден месец. Тие ќе ја земаат сегашната нето плата плус хранарина и патни трошоци. Сеуште не е прецизирано колкава ќе биде платата на работникот доколку  работодавците имаат обезбедено превоз и храна.

filijalaПредностите на системот на бруто плата се бројни, а пред се се во корист на работниците, вели Мартин Мартиноски, портпаролот на Министерството за финансии.
 
Со овој систем работниците ќе имаат увид колкава е нивната збирна плата, а истовремено им се дава можност, но и лична обврска сами да ги плаќаат обврските врз основ на персонален данок на доход и за социјални приноси. Погодности од воведувањето на системпот бруто-плата имаат и работодавците. Тие сега ќе одвојуваат помалку средства за подмирување на придонесите на вработените.

Стручните лица се  надеваат дека воведувањето на системот бруто-плати позитивно ќе влијае и врз намалување на стапката на сивата економија, бидејќи ќе се воведе подобра евиденција на сите работници кои работат во државава.

 

{loadposition content9}