Skip to main content

Охридскиот ШК „Ласкер“ организира турнир на отворено

Охридскиот шаховски клуб Ласкер  го доближува  шахот до охриѓани и туристите. На несекојдневен начин на отворено охридските шахисти нудат забава преку  можност да  се одигра партија шах.Туристите и охриѓани пријатно изненадени од еден ваков шаховски турнир. 

 |  Валентина Неловска  | 

Шаховскиот клуб Ласкер на градскиот кеј на отворено го доближува шахот до туристите и охриѓани. На пет шаховски табли се игра шах. Во овие летни денови гостите и мештаните имаат можност да се дружат со црнобелите полиња и шаховските фигури и да имаат спаринг партнери од охридскитe млади , но врвни шахисти. Борис Лушески, претседател на ШК Ласкер задоволен од покажаниот интерес да се игрa шах на отвoрено. Шах сакаат да играат сите почнувајќи од 7 до 77 години, а повеќето се странци додека охриѓани се ретки, напоменува Лушески. Се слушаат позитивни коментарите од гостите за ваквата иницијатива да се игра шах на отворено.

Во Охрид за жал слабо се игра шах. Охриѓани скоро и да не знаат дека има градски клуб кој постои 7 години. Во град со околу 50 тина илјади жители има само 20 членови во шаховкиот клуб што е премалку. Деновиве на тунирот на отворено луѓето кои сакаат да играат шах чекаат ред и бараат шаховска табла повеќе, вели Лушески.

„ Немаме слободен термин, се менуваат, стојат, чекаат, кога некој ќе заврши веднаш седнуваат но мора да одиграат партија шах против наш член од клубот. Интересот е преголем и повеќе од очекуваното“, потенцира Лушески.

Шахистите од ШК „Ласкер“ на охридскиот кеј ќе бидат присутни се до 3 август со промовирање на шах на отворено како летна понуда за побогат туристички престој на гостите во Охрид. ШК „Ласкер“ овој турнир на отворено го организира втора година по ред со поддршка на општина Охрид.