Skip to main content

Во охридската населба Кошишта спречен пожар од поголеми размери

На улицата Вардарска  утрово со брза интервенција охридските пожарникари спречија пожар од поголеми размери. За среќа е опожарена само една соба со покуќнина.    

 |  Валентина Неловска  | 

Во охридската населба Кошишта утрово е спречен пожар од поголеми размери на непристапен терен. Во 10.30 минути, во ТППЕ е примен повик за интервенција на пожар во семејна куќа на улицата Вардарска.

Петмина пожарникари интервенирале со две возила на непристапен терен бидејќи станува збор за куќи кои се лепенки една до друга. Пожарот е локализиран за 15 минути, а целосно згаснат за 35 минути, информираат од охридската пожарна.
За среќа во опожарената куќа е предизвикана материјална штета во само една соба со покуќнина.