Skip to main content

Поплавите го земаат данокот

Долгогодишното занемарување на проблемот со реката Сушица деновиве доведе до опасност граѓаните кои живеат на улицата „Железничка“ да останат без сопствените домови.

 |  Ристо Јакимовски  | 
Susica
Сушица
Долгогодишното занемарување на проблемот со реката Сушица деновиве доведе до опасност граѓаните кои живеат на улицата „Железничка“ да останат без сопствените домови .

Поради излевање на водата поплавени се неколку дворови а околните бавчи се под вода.

Опасноста е уште по голема, ако се земе во предвид фактот дека овој реон се наоѓа помеѓу коритата на две реки. Доколку дојде до излевање и на другата река, ситуацијата ќе биде уште по страшна. Една од причините за ваквата ситуација според граѓаните е стеснувањето на коритото на реката сушица.  

poplaven dvorЖителите од овој реон повеќепати ги информирале надлежните институции за проблемот, упатуваат апел до надлежните во најбрзо време да се превземат мерки за справување со проблемот. Самоинициативните обиди да се исчисти реката од страна на граѓаните досега недаваат никаков ефект.

За справување со проблемот задолжена е локалната самоуправа.
Од таму изјавија дека се чека одобрување на средствата од министерството за заштита на животната седина. Дури потоа ќе може да се реализира проект за чистење на речните корита.

 

 

{loadposition content9}