Skip to main content

Јавните тоалети нe проработија во екот на туристичката сезона

Јавните тоалети нe проработија во екот на туристичката сезона.Од ЈП Комуналец тоа го правдаат со пропаѓање на два тендери за електронскиот систем на наплата. Оптимистички велат дека за 10-тина дена ќе бидат ставени во функција петте  ново изградени санитарни контејнери.

 |  Валентина Неловска  | 

Две неуспешни тендерски постапки за воведување на електронски сиситем за наплата го оставија градот и ова лето без јавни тоалети. За да се реши овој сериозен комунален проблем во Охрид се чека повеќе од две децении. Граѓаните реагираат што нема јавни тоалети признава Љупчо Грданоски, директорот на ЈП „Охридски комуналец“, кое ќе ја одржува хигиената на градските тоалетите.

„ Имаме реакции од граѓаните , но ние сме јавно претпријатие и мора да работиме по закон “, напоменува Грданоски.

Камен на сопнување во ставањето во функција на петте јавни тоалети, кои се веќе поставени на две локации, три наспорти судот и два кај Горна порта, се пропаѓањето на тендерските постапки за да се постави системот за наплата , кажува Грданоски.

„ Јавните тоалети ќе бидат ставени во функција за 10-тина дена по завршување на шпицот на сезоанат. Но се работи за тендерски обврски. Тендерот беше два пати поништен заради механизмот за системот на наплата Без јавна набавка не може да се реализира. Имаме рок од 10 дена изведувачот да го заврши поставувањето на механизмот,“ вели Грданоски.

Средства за изградба на санитарни контејнери во Охрид , Вевчани и Центар Жупа беа обезбедени од националниот буџет преку програмите за рамномерен регионален развој на Министерството за Локална самоуправа и Бирото за регионален развој во износ од 2 милиони денари.

Проблемот се провлекува 2 децении, а градот во последниве години се обидува да го менаџира со поставување на мобилни тоалети на неколку одредени локации.

Од 2016-та год се влече започнатиот проект со поставувањe на јавни тоалети. Исто така, претходно од Југозападниот плански регион како причина за пропаѓање на три тендерски постапки наведуваа дека пријавените фирми доставувале несоодветни понуди од технички и финансиски аспект па биле принудени да ги поништуваат.
Инаку, лицата со инвалидитет нема да може да ги користат овие тоалети иако првично беше најавувано дека ќе бидат адаптирани и за нив.