Skip to main content

Пецаков: По партиска директива, реизбор на претходно незаконски поставените членови на Управни и Надзорни одбори на ЈП

Пецаков кажа дека неколку пати  од неговата парија посочиле дека избраните членови не ги исполнуваат законските услови за нивно назначување, пропишани во Законот за јавни претпријатија.

 |   | 

По партиска директива направен е реизбор на претходно незаконски поставените членови на Управни и Надзорни одбори на јавните претпријатија и установи во градот, обвини денеска на прес конференција Кирил Пецаков, координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и чен на ИК на партијата. Пецаков кажа дека неколку пати  од неговата парија посочиле дека избраните членови не ги исполнуваат законските услови за нивно назначување, пропишани во Законот за јавни претпријатија.

„Дали сите досегашни одлуки носени од Управни одбори и Надзорни одбори се незаконски знаејќи дека ниту еден нивни член не ги исполнува законските услови? По измените во Законот се избришаа токму тие услови: положен психолошки и тест за интегритет, како и сертификат за познавање англиски јазик. Сега согласно Законот покрај останататите услови за членовите стојат и: стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование,  има минимум три години работно искуство, приложување на АПТИС сертификат, најмалку В2 ниво.“ – кажа Пецаков.

Пецаков праша зошто и покрај намалувањето на условите за членови во Управни одбори и Надзорни одбори повторно има, односно изгласани се лица коишто не ги исполнувале законски намалените услови. Управните и Надзорните одбори треба да бидат места каде се судираат идеи на интелектуалци и докажани граѓани, а не места пополнети од предизборни ветувања и коалициони договори, потенцира Пецаков.

„Градоначалникот Стојаноски да одговори кога веќе е објавен оглас за директор на ЈП, зошто нема и за ЈП „Градски гробишта“? Дали затоа што можеби не се исполнуваат повторно законски услови? Градоначалникот Стојаноски, иако знае дека Советот носи незаконски одлуки, тој свесно со Решение не го запира по втор пат нивното објавување во службен гласник на општина Охрид и дозволува истите да стапат на сила.“
Со ваквите постапки сите лично ќе сносат и кривична и материјална одговорност, потенцира Пецаков.
Од  ОК на ВМРО-ДПМНЕ најавуваат поднесување пријава до Инспекторатот за Локална самоуправа, за да ги стопира, како што велат, одлуките спротивни на законот, на СДСМ во Советот.