Skip to main content

Арнаудоски: Градоначалникот да излезе од кабинетот и да го види ѓубрето низ градот

Локална власт на сдсм прави еколошка катастрофа, обвини на денешната прес конференција советникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Илија Арнаудоски. 

 |   | 

СДСМ ветуваше дека ќе обезбеди услови за здрав живот за сите, а нивната Локална власт прави еколошка катастрофа. Тоталниот хаос и неорганизираност, незнаење и неумешност се нивна одлика, обвини денеска на прес конференција  Илија Аранаудоски, советник во Советот на општина Охрид од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

„Градоначалникот Јован Стојанасоки да излезе од кабинетот и да го види ѓубрето низ градот. Во туристичката сезона Охрид ниту е чист, ниту е среден. Охрид тоне во смет, преполни контејнери во екот на летните горештини. Охрид никогаш не бил позагаден. Згора на тоа кучињата-скитници го развлекуват сметот и го носат насекаде, со што целиот град ни наликува на огромна депонија. “– кажа Илија Аранаудоски.

Аранаудоски упати критика до менаџментот на ЈП „Охридски комуналец“. Кажа дека на во „Мауцкер“ секој ден рано наутро без контрола се депонирал градежен, но и комунален отпад од страна на ЈП „Охридски Комуналец“. Локалната власт предводена од СДСМ се однесува неодговорно и на незаконски начин депонира отпад и ѓубре, обвини советникот.

„ВМРО-ДПМНЕ бара Државниот и општинскиот инспекторат за животна среднина да излезат на терен, да го констатираат еколошкиот хаос кој СДСМ го прави во градот и кај „Мауцкер“, а надлежните да одговараат за своите постапки. Господа од СДСМ која порака ја испраќате на гостите од странство, што ќе мислат тие? Дали знаете дека во летниот период можноста за зарази е повеќекратно зголемена и е директна опасност по здравјето на граѓаните?“

СДСМ и градоначалникот Стојаноски  не можат да се справат со потребите и барањата на охриѓани и гостите а тоа доведе до општ хаос во паркинг просторот, хаос во сообраќајот, полни контејнери со ѓубре, неисчистени улици, бучава во ноќните часови, самоволно однесување на таксистите и превозниците, излеани фекалии во езерото, непочитување на работното време на угостителските локали,  потенцира Аранудоски.