Skip to main content

Масовен или елитен туризам

Охрид треба да биде монденско летувалиште. Асовниот туризам и концентрацијата на огромен број туристи во краток период во шпицот на сезоната остава трајни последици во градот. Ова се размислувања на туристички работници за тоа каков туризам треба да развива Охрид.

 |  Соња Рилковска  | 


Масовен или елитен? Кон каков туризам треба да се стреми градот? Според туристичките работници Охрид  заслужува да биде монденско туристичко место.  
Со сите културно историски и природни вредности градот е уникатен во светот, а тоа треба да се цени. Со привлечни аранжмани Охрид треба да биде  конкурентен  на светскиот  туристички пазар.

„Охрид треба да биде монденско летувалиште. Има што да се види во градот. Охрид не е само плажи и капење  има милион работи кои треба да се видат. Значи луѓето овде не идат само да се капат  сончаат  туку да видат нешто“, вели Мери Фармак екологист.

 „Исто така предност ни е аеродромот значи за во иднина треба да се дополнат уште летови до Охрид а не да ги носиме туристите во Скопје а потоа да ги носиме од Скопје во Охрид“ , вели Љупчо Стојкоски туристички водич.  

Масовниот туризам остава трајни  последици. Бројните туристи за кои немаме официјална бројка, но ги имаше  десетици илјади во еден викенд,особено тинејџери, фрлаат отпад на секој чекор девалвирајќи ги најзначајните културно-исотриски знаменитости.

„Бидејќи има многу туристи дел од нив немаат ни свест и совест и отпадот го фрлаат каде ќе им текне. Неподнослива слика и со право некои се бунат“, додава Стојкоски.

За елитен туризам со ексклузивни гости по примерот на монденските летувалишта во светот ,  Охрид има уште многу да работи. Почнувајќи од патна и комунална инфраструктура, преку подигање на свеста на населението па се до луксузни сместувачки и угостителски капацитети.