Skip to main content

Здравевски : Младите во Охрид заслужуваат просперитетна иднина, но со СДСМ очигледно тоа не е возможно

Младите во Охрид заслужуваат просперитетна иднина, но со СДСМ очигледно тоа не е возможно, кажа денеска на прес конференција претседателот на унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ, општински комитет Охрид. Тој обвини дека новата власт  ги укинувала реформите направени од ВМРО-ДПМНЕ а своите ветувањата кон младите не ги реализирала.

 |   | 

Младите во Охрид се жртва на манипулациите на СДСМ и градоначалникот Јован Стојаноски. Излезе на виделина лажната перспектива за младите и божемното привлекување на младите генерации, рече на денешната прес конференција Александар Здравевски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
„Господине градоначалник Стојаноски дали затоа што чувствувате вина и одговорност свесно го заборавивте Меѓународниот ден на младите? Локалниот совет на млади формиран во времето на градоначалникот Д-р Никола Бакречески токму по повод Меѓународниот ден на младите повеќе не функционира.“ – кажа Здравевски.

Здравевски кажа дека новата власт  ги укинувала реформите направени од ВМРО-ДПМНЕ а своите ветувањата кон младите не ги реализирала.

„До каде се ветувањата дека по завршувањето на образованието за младите ќе понудите три опции, со кои ќе помогнете во животот, и тоа вработување, практиканство и дообука?“

Здравевски праша што се случи со ветеното организирање месец на спортот. Младите се чувствуваат гневни, измамени, злоупотребени по досегашните изминати кошмарни 8 месеци.  Ова ли е грижата за младите, да го ускратите нивното право да искажуваат  идеи, предлози и младински политики, обвини претседателот на општинскиот огранок на унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ.