Skip to main content

Во општина Охрид повторно се актуелизира потребата од изградба на нова детска градинка

Во општина Охрид повторно се актуелизира потребата од изградба на нова детска градинка. Во новата уписна година се бара место повеќе за сместување на децата во некоја од петте градинки и 4 адаптирани простори во приградските населби. Локалната има планови да се адаптира објект во касарната или да се направи надградба на централната градинка.

 |  Валентина Неловска  | 

Потребата од нова градинка станува актуелна во перидот кога стартуваат уписите во оваа година. Родителите се се повеќе заинтересирани децата да им бидат сместени во некој од петте постоечки објекти и во 4 адаптирани одделенија во приградските населби. Бројот на деца во групите во сите градинки се над законски пропишаните нормативи, засега само во градинката во Пештани функционира според пропишаните стандарди. Денеска градските советнци дадоа согласност во групите да има поголем број на деца од законски пропишаниот стандард.

„ Несомено тоа води кон намалување на квалитетот на грижата за децата додека престојуваат во градинка. Ако се има предвид податокот дека во некои групи бројот на деца е зголемен за 50 проценти од максималниот дозволениот број. Во поголемите групи има и по 30 деца што е недозволиво“, напомена советничката Гордана Коњаноска.

Сашо Ставрески, советник од редовите на СДСМ и претседател на Комисијата за општествени дејности го пренесе ставот и заклучок од потребата за нови сместувачки капацитети во градинките. Членовите на Комисијата предлагаат адаптирање на простор во касарната или изградба на нов објект за да се задоволи потребата на родителите да ги сместуваат децата во јавна детска установа и при тоа да бидат запазени законски пропишаните нормативи.
Мери Рилкова, директор на ЈОУДГ Јасна Ристеска, укажува дека се бара место повеќе за сметување на децата во нивните објекти. Потврдува дека постои реална потреба од изградба на нов објект кој би го растеретил бројот на децата во групите и да се запазат законските стандарди. Информира дека аплицирале до Светска банка за добивање средства за надградба на објектот во централната градинка.